Црна хроника
Во Скопје откриена илегална мини пиварница
Екипи на Царинарница Скопје, формирани за контрола на продажбата на акцизна стока,во петокот при контроли на територијата на град Скопје, во два одделни слуачи кај две правни лица открија неправилности и привремено се задржани околу 2,3 тони пиво и 4 литри ракија без акцизни маркички, со сомнителен квалитет за кои не е платена акциза.
При контрола на угостителски објект пивница во центарот на Скопје, пронајдена е опрема за производство (мини пиварница) на пиво. Во објектот, сопственикот вршел и продажба на пивото кое го произведувал, но за него не плаќал акциза. Привремено се задржани околу 2,3 тони пиво, пронајдени на залиха и спремни за продажба.
Во вториот случај, во продавница за алкохолни пијалоци, исто така, во центарот на Скопје, царинските службеници откриле нелегална продажба на ракија. Имено, по претходно извршена контрола на продавницата, иако не биле откриени неправилности, царинските службеници решиле да почекаат во близина на објектот, за по некое време да посведочат нелегална продажба на ракија во пластични шишиња, кои продавачот ги вадел од неговиот автомобил и ги внесувал во објектот. Во автомобилот се пронајдени четири литри ракија кои се одземени.
Против прекршителите во двата случаи ќе бидат поднесени соодветни пријави./крај/мф/ффс
Извор: Макфакс
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Црна хроника
Стржанец објавувал експлицитна содржина од малолетничка
Полицијата во Тетово поднесе кривична пријава против А.А.(41) од Струга, поради постоење основи на сомнение за сторени кривични дела „злоупотреба на лични податоци“ и „производство и дистрибуција на детска порнографија“.
Пријавениот, на социјална мрежа, објавил фотографии и видео снимки со експлицитна содржина од женско лице, кое во тоа време било малолетно.
Црна хроника
Жена од Гевгелија измамила Грк дека е од Царина и му зела 2.000 евра
Полицијата поднесе кривична пријава против М.Ј.(46) од Гевгелија, поради измама.
„Пријавената, на 13 септември на царинскиот терминал на Граничниот премин „Богородица“, го довела во заблуда грчкиот државјанин К.Г.К., на начин што лажно се претставила дека е застапник во царински постапки и лажно му прикажала факти дека сторил тежок царински прекршок, поради што ќе биде задржан на македонско-грчката граница од страна на царинските власти и му побарала 2.000 евра, за да му помогне, на што се согласил“, објави МВР во дневниот билтен.
Црна хроника
Демолиран изборен штаб во Конче
Г.Г.(45) од село Дедино, општина Конче, пријавил во полицијата дека ноќта помеѓу 24 и 25.04.2024 во времето од 22.00 до 06.00 часот било скршено стакло на објект во село Дедино, кој се користел како штаб на кандидат за претседател на државата.
Увид на местото извршила екипа на ОВР Радовиш и се преземаат мерки за расчистување на случајот.