Црна хроника
Скопските ’Бони и Клајд’ ќе одговараат за грабежот на маркетот ’Принц’
Единицата за општ криминал при СВР Скопје до надлежното Основно јавно обвинителство Скопје со кривична пријава ги предаде 22-годишниот А.В и 24-годишната С.И. од Скопје поради основано сомнение дека првопријавениот извршил кривично дело „разбојништво“ а истовремено е вратен во затворот во Куманово каде што издржувал друга казна, додека второпријавената извршила едно кривично дело „помагање“ во грабежот на продавница во која била вработена за што и’ е одредена мерка одреден домашен притвор во траење од 30 дена.
Единицата за општ криминал при СВР Скопје до надлежното Основно јавно обвинителство Скопје со кривична пријава ги предаде 22-годишниот А.В и 24-годишната С.И. од Скопје поради основано сомнение дека првопријавениот извршил кривично дело „разбојништво“ а истовремено е вратен во затворот во Куманово каде што издржувал друга казна, додека второпријавената извршила едно кривично дело „помагање“ во грабежот на продавница во која била вработена за што и’ е одредена мерка одреден домашен притвор во траење од 30 дена.
На 3-ти октомври, околу 01,10 часот, првопријавениот заедно со уште две непознати машки лица, дошле пред маркетот „Принц“ на улицата „Ферит Мурати“ на територијата на општина Гази Баба, каде еден од групата влегол во маркетот, додека неговиот соучесник и првопријавениот останале пред маркетот да чуваат стража и да му помогнат на лицето што се упатило во маркетот во извршувањето на кривичното дело за насилно да ја отвори подвижната врата од маркетот.
Откако првото засега непознато лице влегло во маркетот се скрило зад еден пулт од каде што ги набљудувало вработените во маркетот како ги подготвуваат кесите со пари од дневниот промет кај главната каса за да ги однесат во просторијата каде се наоѓа главниот сеф.
Второпријавената, пак, којашто била вработена во маркетот и во љубовна врска со првопријавениот А.В, претходно им дала совети и упатства на тројцата како и кога да го извршат кривичното дело. Односно пред да тргне од главната каса кон собата со сефот носејќи ги парите од дневниот промет, му дала знак, односно му пуштила порака по мобилен на првопријавениот дека тргнува и дека може да се изврши кривичното дело.
Во тој момент нејзиниот партнер му дал знак на машкото лице кое било внатре во маркетот и кое било маскирано со црна капа на главата и шал преку лицето, а овој, пак, заканувајќи им се со нож на вработените кеси со пари од дневниот промет во износ од 5.287.643 денари и се упатил кон споредната врата од маркетот каде што го чекале првопријавениот и вториот непознат разбојник. Откако успеале насилно да ја отворат вратата, која во моментот била надвор од функција сите тројца заедно избегале кон паркиралиштето покрај објектот.
Но бидејќи биле забележани од другите работени во маркетот кои почнале да ги бркаат, а А.В. и двете непознати машки лица на паркиралиштето од маркетот „Принц“, при бегање, ги фрлиле кесите со пари и со трчање се оддалечиле во непознат правец.
Еден од вработените во маркетот ги пронашол двете кеси со пари, за што е изготвен записник за пронајдени предмети и со потврда за вратени предмети двете кеси со пари во вредност од 5.287.643 денари се вратени на сопственикот на маркетот.
Службениците на министерството за внатрешни работи следните денови преземале низа мерки и активности и при преглед и претрес на пошироката околина биле пронајдени нож на преклоп и мобилен телефон. Потоа, на 8-ми октомври во полициската станица Гази Баба бил повикан првопријавениот кој во разговор со службените лица целосно го појаснил начинот и времето на извршувањето на кривичното дело.
Инаку, првопријавениот се наоѓа на издржување казна затвор во траење од 3 години во КПУ Затвор „Куманово“ и имал уште 15 месеци за доиздржување на казната затвор за сторено кривично дело „разбојништво”. За време на користењето на дозволеното отсуство во траење од 12 дена истиот го извршил посоченото кривично дело. Исто така, А.В. е регистриран сторител на кривични дела и периодот 2013/2014 година против него биле поднесени две кривични пријави за „разбојништво” и за „прикривање”./крај/мф/сн
Извор: Макфакс
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Црна хроника
Три жени пријавиле семејно насилство за 12 часа – приведени осомничени во Кисела Вода, Центар и Чаир
Во текот на изминатото деноноќие, во три одделни случаи на семејно насилство, три жени пријавиле дека биле физички нападнати од нивните партнери на подрачјата на Кисела Вода, Центар и Чаир.
Во првиот случај, пријавен на 12 февруари во 17:50 часот, полициски службеници од СВР Скопје извршиле службен разговор со П.Л. (45) од Скопје, откако било пријавено дека во неговиот дом ја нападнал својата 48-годишна вонбрачна партнерка. Случајот се документира и ќе следува соодветна пријава.
Во вториот случај, на истиот ден во 22:00 часот, на подрачјето на Центар, полицијата го привела Н.Ј. (52) од Скопје, поради сомнение дека околу 17:00 часот физички ја нападнал својата 32-годишна партнерка. По комплетирање на доказите ќе биде поднесена пријава.
Во трет случај, на 13 февруари во 04:40 часот, 35-годишна жена пријавила дека околу 01:40 часот, на подрачјето на Чаир, била физички нападната од нејзиниот партнер Б.С. (24) од Скопје. И за овој настан ќе биде поднесена соодветна пријава по целосна документација.
Од МВР информираат дека сите случаи се обработуваат.
Црна хроника
Пронајдени коски и парче облека во Скопје, полицијата истражува
На локација викана „Сулејманови ливади“ во село Горно Количани, скопско, биле пронајдени коски слични на човечки, а во близина и парче облека.
Случајот бил пријавен во СВР Скопје во текот на вчерашниот ден, по што на местото излегла увидна екипа која извршила преглед.
Од МВР информираат дека се преземаат мерки за целосно расчистување на настанот.
Црна хроника
Пешак тешко повреден на Орце Николов, возило удри во 56-годишна жена
На улицата „Орце Николов“ во Скопје, 56-годишната Д.Д. од Скопје била тешко повредена откако во неа удрило патничко возило „опел“ со скопски регистарски ознаки, управувано од Д.Ѓ. (46) од Скопје.
Несреќата се случила околу 13:00 часот, а повредите на жената биле констатирани во Градската општа болница „Св. Наум Охридски“.
На местото на настанот извршен е увид од екипа на СВР Скопје.

