Црна хроника
Скопското обвинителство започна истражна постапка против финансиски вештак

Лицето кое е осомничено се товари дека сторило кривично дело „примање поткуп“. Имено, тоа како вешто лице побарало и примило поткуп во износ од 3.000 евра со цел при вештачење да прикаже десеткратно помал износ на прикриен данок.
Надлежен јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Скопје донесе во средата Наредба за спроведување истражна постапка против едно вешто лице со лиценца за вршење на вештачења од областа на финансиското работење, осомниечно дека примило поткуп од три илјади евра.
До судијата на претходна постапка при Основниот суд Скопје 1 -Скопје надлежниот јавен обвинител поднесе предлог за определување на мерка притвор. Судијата со Решение на лицето му определи мерки на претпазливост, и тоа: забрана за напуштање на живеалиштето, односно престојувалиштето, обврска да се јавува повремено на определено службено лице или кај надлежен државен орган и привремено одземање на патна или друга исправа за преминување на државната граница, односно забрана за нејзино издавање.
На ваквата одлука Основното јавно обвинителство – Скопје поднесе жалба./крај/мф/ффс
Извор: Макфакс
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Црна хроника
Нападнат ученик од основно училиште во Свети Николе

Полицијата поднесе известување против малолетник од Свети Николе поради постоење насилство врз дете.
Како што соопшти МВР, на 4 јуни во основно училиште во светиниколско село, пријавениот физички нападнал ученик од истото училиште и му нанел телесни повреди.
Црна хроника
Женa во Кисела Вода чистела стара куќа и нашла лименки со натпис „топовски удар“, имало и фитили

Во Скопје, на подрачјето на Кисела Вода, 65-годишна жена при чистење на напуштена куќа што припаѓа на нејзините родители пронашла две лименки завиткани со селотејп. На лименките имало натпис „топовски удар“ и биле поставени фитили.
Жената случајот го пријавила во полицијата на 15 октомври. По пријавата, на местото излегле полициски службеници кои ги подигнале предметите за понатамошна постапка.
Според МВР, се преземаат мерки за расчистување на случајот.
Црна хроника
Пензионер од Струмица пукал со воздушна пушка кон бензинска пумпа

Полицијата од Струмица поднесе кривична пријава против П.Ж.(71) од овој град поради предизвикување општа опасност.
„На 12.10.2025 околу 16:00 часот, пријавениот со воздушна пушка пукал во правец на бензинска пумпа, каде што биле складирани боци со плин“, соопшти МВР во дневниот полициски билтен.