Црна хроника
Со пиштол во појасот сакал да мине граница
Бугарски државјанин е приведен во петокот вечерта на граничниот премин Деве Баир кон Република Бугарија, откако бил забележан со пиштол во појасот, а подоцна при претрес на неговото возило е откриена и пушка и солидно количество муниција.
Инцидентот се случил околу 19 часот во петокот кога на Граничниот премин „Деве Баир“ за излез од Република Македонија, при вршење на профилирање, контрола и на возлило „тојота РАВ-4’ со бугарски национални ознаки, забележано е дека возачот на возилото, идентификуван како 70-годишниот К.Е.К.(1945) државјанин на Бугарија, на појасот носи огнено оружје.
По извршениот претрес над возачот е пронајден е пиштол марка „ТТ“ кал.7,62мм со шет рамки за истиот и 39 парчиња муниција, куршуми кал.7,62мм., а во возилото пронајдена е ена ловна пушка марка „ИЖ“ кал.12 мм, 70 парчиња патрони за ловна пушка кал.12мм. и 56 парчиња муниција, куршуми кал.7,62мм.
Поради сомнение дека се работи сторено кривично делао по чл.396 ст.1 и 3 од Кривичниот законик „Неовластено држење на огнено оружје и муниција“, лицето во 21,40 часот е лишено од слобода, наведените предмети, огнено оружје и муниција,се одземени со Потврда за привремено одземени предмети и во 23.30 часот се предадени на полицијата во Крива Паланка за натамошна постапка./крај/мф/ффс
Извор: Макфакс
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Црна хроника
Стружанец објавувал експлицитна содржина од малолетничка
Полицијата во Тетово поднесе кривична пријава против А.А.(41) од Струга, поради постоење основи на сомнение за сторени кривични дела „злоупотреба на лични податоци“ и „производство и дистрибуција на детска порнографија“.
Пријавениот, на социјална мрежа, објавил фотографии и видео снимки со експлицитна содржина од женско лице, кое во тоа време било малолетно.
Црна хроника
Жена од Гевгелија измамила Грк дека е од Царина и му зела 2.000 евра
Полицијата поднесе кривична пријава против М.Ј.(46) од Гевгелија, поради измама.
„Пријавената, на 13 септември на царинскиот терминал на Граничниот премин „Богородица“, го довела во заблуда грчкиот државјанин К.Г.К., на начин што лажно се претставила дека е застапник во царински постапки и лажно му прикажала факти дека сторил тежок царински прекршок, поради што ќе биде задржан на македонско-грчката граница од страна на царинските власти и му побарала 2.000 евра, за да му помогне, на што се согласил“, објави МВР во дневниот билтен.
Црна хроника
Демолиран изборен штаб во Конче
Г.Г.(45) од село Дедино, општина Конче, пријавил во полицијата дека ноќта помеѓу 24 и 25.04.2024 во времето од 22.00 до 06.00 часот било скршено стакло на објект во село Дедино, кој се користел како штаб на кандидат за претседател на државата.
Увид на местото извршила екипа на ОВР Радовиш и се преземаат мерки за расчистување на случајот.