Црна хроника
Момчиња претепани на постојка, нападнато обезбедување во Медицинско
Две малолетни момчиња се здобиле со сериозни повреди откако биле нападнати од поголема група врсници на автобуска постојка во центарот на Скопје, а вработена во агенција за обезбедување во средното медицинско училиште „Панче Караѓозов“ од ученик кому не би дозволила да влезе на час кој бил во тек.
Првиот инцидент се случил по 20 часот на автобуската постојка на булеварот „Кузман Јосифовски Питу“ , кај Народна банка, кога група од петнаесетина средношколци нападнале еден 15-годишник и негов една година повозрасен пријател. Двајцата малолетници биле пренесени во Ургентниот центар, каде им се констатирани сериозни повреди во пределот на главата и телото.
Напаѓачите потоа се качиле во приватен автобус број 44, кој бил запрен од полицијата на последната станица на број 45., а лицата биле приведени во полициската станица Гази Баба. Засега не е позната причината за овој хулигански напад.
Во петокот, исто така, околу пладнето вработена во агенцијата за обезбедување „СГС“ пријавила дека во кругот на Средното медицинско училиште „Др Панче Караѓозов“, била физички нападната од 16-годишен ученик. Причината била тоа што ученикот барал да влезе на час, но не му било дозволено бодејќи часот бил започнат, известуваат од скопската полиција./крај/мф/сн
Извор: Макфакс
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Црна хроника
Стружанец објавувал експлицитна содржина од малолетничка
Полицијата во Тетово поднесе кривична пријава против А.А.(41) од Струга, поради постоење основи на сомнение за сторени кривични дела „злоупотреба на лични податоци“ и „производство и дистрибуција на детска порнографија“.
Пријавениот, на социјална мрежа, објавил фотографии и видео снимки со експлицитна содржина од женско лице, кое во тоа време било малолетно.
Црна хроника
Жена од Гевгелија измамила Грк дека е од Царина и му зела 2.000 евра
Полицијата поднесе кривична пријава против М.Ј.(46) од Гевгелија, поради измама.
„Пријавената, на 13 септември на царинскиот терминал на Граничниот премин „Богородица“, го довела во заблуда грчкиот државјанин К.Г.К., на начин што лажно се претставила дека е застапник во царински постапки и лажно му прикажала факти дека сторил тежок царински прекршок, поради што ќе биде задржан на македонско-грчката граница од страна на царинските власти и му побарала 2.000 евра, за да му помогне, на што се согласил“, објави МВР во дневниот билтен.
Црна хроника
Демолиран изборен штаб во Конче
Г.Г.(45) од село Дедино, општина Конче, пријавил во полицијата дека ноќта помеѓу 24 и 25.04.2024 во времето од 22.00 до 06.00 часот било скршено стакло на објект во село Дедино, кој се користел како штаб на кандидат за претседател на државата.
Увид на местото извршила екипа на ОВР Радовиш и се преземаат мерки за расчистување на случајот.