Црна хроника
Гостиварец и скопјанец пријавени за седум тешки кражби
Дваесетгодишен жител на Гостивар е пријавен за седум тешки кражби и уште дела „тешка кражба во обид“, додека неговиот 34 годишен познаник од Скопје е пријавен од Основното јавно обвинителство за поттикнување и прикривање на споменатите дела, информираше во неделата СВР Скопје.
На гостиварецот идентификуван со иницијалите А.О, притоа ми е одреден петнаесетдневен притвор.
Кривичните дела се извршени на подрачје на град Скопје, во текот на септември, и тоа една кражба е извршена во населбата Аеродром, а другите на подрачјето на општината Центар, со што се пријавените стекнале со противправна имотна корист од 105.198 денари, а причиниле материјална штета од 84.120 денари, додека до поднесување на кривичната пријава не е утврдена противправната имотна корист и предизвиканата материјална штета од оштетените.
Гостиварецот е осомничен дека во Аеродром украл велосипед од скалила во една станбена зграда, а потоа го дал на друго лице. Едно од делата „тешка кражба“, пак, го извршил во дрогерија каде влегол во канцеларијата и украл најлонско кесе во кое имало 100 денари метални пари и еден таблет компјутер.
Другите кривични дела (шест тешки кражба и десет тешка кражби во обид) се извршени во ист ден во деловна зграда, каде првопријавениот со употреба на погоден тврд предмет-алат насилно делувал меѓу крилото и рамката во пределот на бравата од влезната врата обезбедена со комбинирано електро-механичка брава, ја отворил, влегол внатре во заедничкиот ходник, при што со употреба на погоден тврд предмет-алат насилно делувал на вратите од канцелариите -дадени под закуп на правни лица, при што во шест случаи украл четири лап-топ компјутери, торба за лап-топ компјутер, мобилен телефон, видео камера, полнач и далечинско за видео камерата, џебен нож, додека во 10 случаи извршил пребарување и претурање и од засега непознати причини се откажал од амерата да украде нешто.
Во полициската станица Центар извршен е разговор со првопријавениот во кој го појаснил начинот на извршените кривични дела и истакнал дека предметите од извршените кривични дела по претходен договор му ги продавал на второпријавениот, скопјанецот Б.Г. за одредена сума пари и дел од украдените предмети се наоѓале во домот на Б.Г., а дел во автопералната во Гратскиот тргвски центар Скопје, која е сопственост на второпријавениот.
Врз основа на судска наредба во просториите на „Автоперална ГТЦ ДООЕЛ“ Скопје, сопственост на второпријавениот, бил извршен претрес на просториите, и притоа биле пронајдени дел од украдените предмети, а врз основа на судска наредба извршен е претрес и во домот на второпријавениот, но таму не се пронајдени украдени предмети. Тој во полициската станица дал исказ и притоа донел дел од украдените предмети, видео камера, два лаптоп копјутери и црна торба за лап топ, кои им се вратени на сопствениците.
Притоа е утврдено дека второпријавениот текот на изминатиот период со умисла го поттикнал првопријавениот да врши кривични дела од областа на имотни деликти, со што сторил кривично дело поттикнување на начин што по претходен меѓусебен договор го терал да врши кривични дела и дека укредените предмети ќе му ги откупи за одредена сума на пари, при што откако ќе му донел предмети кои потекнуваат од кривични дела тој ги откупувал и го потикнувал повторно да врши кривични дела, со ветување дека предметите ќе му ги откупува. Исто така, со намера да го прикрие сторителот на кривичните дела второпријавениот иако знаел дека предметите кои ги купува потекнуваат од сторени кривични дела тешки кражби, сторил кривично дело прикривање.
Инаку А.О., според полицијата, е познат извршител на кривични дела од имотните деликти (тешки кражби, тешки кражби во обид, кражби, одземање на моторно возило), додека Б.Г. е кривично пријавуван за кривични дела „противправно лишување од слобода“, „тешка кражба“, „лажно пријавување кривично дело“, „насилство“ и „тешка телесна повреда“./крај/мф/ффс
Извор: Макфакс
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Црна хроника
Стржанец објавувал експлицитна содржина од малолетничка
Полицијата во Тетово поднесе кривична пријава против А.А.(41) од Струга, поради постоење основи на сомнение за сторени кривични дела „злоупотреба на лични податоци“ и „производство и дистрибуција на детска порнографија“.
Пријавениот, на социјална мрежа, објавил фотографии и видео снимки со експлицитна содржина од женско лице, кое во тоа време било малолетно.
Црна хроника
Жена од Гевгелија измамила Грк дека е од Царина и му зела 2.000 евра
Полицијата поднесе кривична пријава против М.Ј.(46) од Гевгелија, поради измама.
„Пријавената, на 13 септември на царинскиот терминал на Граничниот премин „Богородица“, го довела во заблуда грчкиот државјанин К.Г.К., на начин што лажно се претставила дека е застапник во царински постапки и лажно му прикажала факти дека сторил тежок царински прекршок, поради што ќе биде задржан на македонско-грчката граница од страна на царинските власти и му побарала 2.000 евра, за да му помогне, на што се согласил“, објави МВР во дневниот билтен.
Црна хроника
Демолиран изборен штаб во Конче
Г.Г.(45) од село Дедино, општина Конче, пријавил во полицијата дека ноќта помеѓу 24 и 25.04.2024 во времето од 22.00 до 06.00 часот било скршено стакло на објект во село Дедино, кој се користел како штаб на кандидат за претседател на државата.
Увид на местото извршила екипа на ОВР Радовиш и се преземаат мерки за расчистување на случајот.