Црна хроника
Со прачка искршил автомобил, а се заканил и на полицајците

Не се трпеле, се степале, па едниот го искршил возилото на другиот.
Имено, во саботата, околу 19.10 часот пред продавница во село Ранковце, поради претходно меѓусебно нетрпение, а по претходна физичка пресметка помеѓу лицата Д.И. (27) од село Ранковце и С.В. (33) село Радибуш, во еден момент С.В. почнал со метална прачка да удира по автомобил „Лада Нива“ сопственост на Д.И.
Тој го искршил предното ветробранско стакло и направил надворешни оштетувања на возилото. Полициски службеници излегле на местото на настанот и издале наредба да престане да удира по возилото, но С.В. замавнал со намера да удри полициски службеник.
Полициските службеници успеале да го спречат и го привеле. Се преземаат мерки за целосно расчистување на случајот./крај/со/бб
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Црна хроника
Кокаин најден во дом на скопјанец

Основното јавно обвинителство Скопје донесе наредба за спроведување на истражна постапка против 42-годишен скопјанец за кривични дела „неовластено производство и пуштање во промет наркотични дроги, психотропни супстанции и прекурсори“ и „овозможување употреба на наркотични дроги“.
Во станот во кој престојувал осомничениот на улицата „Матеја Матевски” во Скопје полицијата пронашла 14,2 грама амфетамин, околу 8 грама кокаин, помали количества марихуана и МДМА (3,4 метилен диоксиметамфетамин). При претресот во домот било затекнато уште едно лице на кое осомничениот му овозможил да користи кокаин.
Јавниот обвинител до судијата на претходна постапка од Основниот кривичен суд Скопје достави предлог за определување мерка притвор за осомничениот.
Црна хроника
75-годишен мотоциклист тешко повреден во сообраќајка

Вчера околу 10:30 часот во СВР Скопје, било пријавено дека на автопатот Скопје- Куманово, се случила сообраќајна несреќа помеѓу мотоцикл „линфан“ со скопски регистарски ознаки, управуван од П.Д.(75) од Скопје, мотоцикл „хонда“ со скопски регистарски ознаки, управуван од Х.К.(27) од Скопје и мотоцикл „хонда“ со скопски регистарски ознаки, управуван од Б.Р.(37).
Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил возачот на мотоциклот „линфан“ П.Д., додека со телесни повреди сопатничката од мотоциклот „хонда“ С.П., констатирани во Комплекс клиники „Мајка Тереза“ Скопје. Извршен бил увид од увидна екипа на СВР Скопје.
Црна хроника
Мотоциклист тешко повреден откако излетал од патот

Вчера во 11:20 часот во ОВР Кратово било пријавено дека на регионален пат во село Железница, кратовско, Б.Д.(24) од Скопје управувајќи мотоцикл „кимко” со скопски регистарски ознаки, изгубил контрола и паднал на коловозот.
Во несреќата, Б.Д. се здобил со тешки телесни повреди, констатирани во комплекс клиники “Мајка Тереза” во Скопје. Увид извршила екипа од ОВР Кратово.