Црна хроника
Со службенo возило пренесувале фалсификувани пари
Тројца скопјани се фатени на патот Охрид – Кичево, како во службено возило пренесуваат фалсификувани пари, односно фалсификат банкноти од 500 денари.
Тројца скопјани се фатени на патот Охрид – Кичево, како во службено возило пренесуваат фалсификувани пари, односно фалсификат банкноти од 500 денари.
Во понеделникот, околу 16.15 часот, на магистралниот пат Охрид-Кичево полициски службеници, по писмена наредба од Основен суд Кичево, а поради постоење основи на сомнение дека се превезуваат фалсификувани пари, извршиле претрес во автомобил „Голф“ со скопски регистарски ознаки, сопственост на ДПТ „Адријус“ ДОО-Скопје. Возилото го управувал Т.А. (44) од Скопје, во кое како сопатници биле лицата В.И. (45) од село Сарај, скопско, и И.К. (47) од Скопје. При претресот над лицата и возилото биле пронајдени 51 фалсификувана банкнота од по 500 денари во чанта на И.К., нотес со евиденција каде ги пуштал во оптег, и уште три банкноти од по 500 денари биле пронајдени во возилото. Лицата се приведени за понатамошна постапка./крај/мф/бб
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Црна хроника
Малолетник тешко повреден во сообраќајка на патот Прилеп–Македонски Брод
Ноќеска во 02:00 часот во ОВР Прилеп било пријавено дека на патот Прилеп–Македонски Брод се случила сообраќајна несреќа помеѓу две патнички возила.
Според информациите, несреќата се случила меѓу „ауди“ со прилепски регистарски ознаки, управувано од Ф.И. од село Дебреште, и „бмв“ со прилепски регистарски ознаки, управувано од Е.Ш. од истото село.
По несреќата, 17-годишен сопатник од возилото „ауди“ бил пренесен во Градска општа болница Прилеп, каде му биле констатирани тешки телесни повреди.
Увид на местото на настанот извршила увидна екипа од ОВР Македонски Брод.
Се работи на целосно расчистување на случајот.
Црна хроника
Пријавени тепачки во Шуто Оризари
Во СВР Скопје било пријавено дека на 24.02.2026 година на подрачјето на Шуто Оризари, по претходна расправија помеѓу двајца малолетници, повеќе лица физички нападнале еден од малолетниците.
Според пријавата, во инцидентот учествувале М.Х. (22), И.Х. (23) и Р.Х. (46).
Подоцна било пријавено и нарушување на јавниот ред и мир со физичка пресметка помеѓу И.З. (54) и Р.З. (36) од една страна, и М.Х. и И.Х. од друга страна, сите од Скопје.
Од полицијата информираат дека се преземаат мерки за целосно расчистување на случајот.
Црна хроника
Жена пријавила физички напад од вонбрачен партнер во Драчево
Дваесет и двегодишна жена пријавила во СВР Скопје дека била физички нападната од нејзиниот вонбрачен партнер.
Според пријавата, на 27.02.2026 година околу 12:00 часот, во дом на подрачјето на Драчево, таа била нападната од С.С. (22) од Скопје. Случајот бил пријавен во полиција во 16:30 часот истиот ден.
Од МВР информираат дека се преземаат мерки за целосно расчистување на случајот.

