Црна хроника
Со возило без регистрација се обидел да прегази полицајци, завршил на Ургентен
Полицајци пукале во тркалата на возило со кое момче од село Раклиш се обидело да ги прегази на регионалниот пат Свети Николе – Крива Паланка.
Имено, во четвртокот околу 2.15 часот по полноќ на регионалниот пат Свети Николе – Крива Паланка, полициски службеници од полициската станица Куманово дале знак за запирање на автомобил „мазда“ без регистарски ознаки, управувано од Љ.Г. (22) од село Раклиш. Возачот не сопрел, туку со возилото се упатил кон полициските службеници со намера да удри во нив. Притоа полициските службеници употребиле огнено оружје и пукале во едно од тркалата. Љ.Г. продолжил со движење со возилото, но набргу излетал од патот и се превртел. Тој бил повреден, поради што со возило на Итна медицинска помош бил пренесен во Општа болница Куманово од каде поради сериозноста на повредите бил препратен во Ургентен центар Скопје, каде е задржан на лекување. Против него ќе биде поднесена кривична пријава за кривично дело „напад врз службено лице при вршење на работи на безбедност“./крај/мф/бб
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Црна хроника
Во Сопиште пронајден скопјанец пријавен дека се оддалечил од здравствена установа во Карпош
Вчера во 17.05 часот во СВР Скопје било пријавено дека на подрачјето на село Сопиште, полициски службеници од Полициската станица Кисела Вода го пронашле 38-годишниот Ј.Т. од Скопје, извести МВР.
Лицето на 30.04.2024 било пријавено дека се оддалечило од здравствена установа на подрачјето на Карпош, додаваат од МВР.
Црна хроника
Три лица се обиделе да влезат во објект каде што се чува изборен материјал, не е причинета штета
Денеска во Полициската станица Бит Пазар било пријавено дека три машки лица се обиделе да ја отворат предната врата и капијата на објектот на општина Чаир, каде што се чува изборен материјал, но откако биле забележани од полицискиот службеник, кој го обезбедува изборниот материјал, лицата го напуштиле местото, извести МВР.
Не е причинета штета на капијата, ни на изборниот материјал. Се преземаат мерки за расчистување на случајот, додаваат од МВР.
Црна хроника
Жена нападната од сопругот во скопски Аеродром, полицијата го расчистува случајот
Вчера во 19.45 часот во СВР Скопје, 35-годишна жена од Скопје пријавила дека околу 15.30 часот на работното место, во трговски центар на подрачјето на општина Аеродром, по претходна расправија, била физички нападната од нејзиниот сопруг, 39-годишниот И.Ц. од Скопје, извести МВР.
Се преземаат мерки за расчистување на случајот.