Црна хроника
Балисти и Шверцери повредиле четворица полицајци
Во средата, околу 17.30 часот во Скопје на стадионот „Чаир“, додека траел фудбалскиот натпревар меѓу екипите на „Шкендија“ и „Силекс“, дошло до нарушување на јавниот ред и мир во поголем обем со меѓусебна тепачка и насилство од страна на навивачките групи „Балисти“ и „Шверцери“.
Во средата, околу 17.30 часот во Скопје на стадионот „Чаир“, додека траел фудбалскиот натпревар меѓу екипите на „Шкендија“ и „Силекс“, дошло до нарушување на јавниот ред и мир во поголем обем со меѓусебна тепачка и насилство од страна на навивачките групи „Балисти“ и „Шверцери“.
При интервенција повредени се четири полициски службеници, кои по укажаната лекарска помош во Градската општа болница биле пуштени на домашно лекување. Во 20.30 часот во СВР Тетово било пријавено оштетување на четири автобуси со кои се превезувале навивачите „Балисти“ до Тетово. Оштетувањето било направено во Скопје од страна на навивачката група „Шверцери“ кои фрлале со тврди предмети кон автобусите.Исто така, оштетен бил и автомобил „форд фокус“ со тетовски регистарски ознаки, сопственост на фирмата „Секуритас М“ од Тетово, управуван од Л.С.(18).Се преземаат мерки за целосно расчистување на случајот./крај/мф/бб
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Црна хроника
Стружанец објавувал експлицитна содржина од малолетничка
Полицијата во Тетово поднесе кривична пријава против А.А.(41) од Струга, поради постоење основи на сомнение за сторени кривични дела „злоупотреба на лични податоци“ и „производство и дистрибуција на детска порнографија“.
Пријавениот, на социјална мрежа, објавил фотографии и видео снимки со експлицитна содржина од женско лице, кое во тоа време било малолетно.
Црна хроника
Жена од Гевгелија измамила Грк дека е од Царина и му зела 2.000 евра
Полицијата поднесе кривична пријава против М.Ј.(46) од Гевгелија, поради измама.
„Пријавената, на 13 септември на царинскиот терминал на Граничниот премин „Богородица“, го довела во заблуда грчкиот државјанин К.Г.К., на начин што лажно се претставила дека е застапник во царински постапки и лажно му прикажала факти дека сторил тежок царински прекршок, поради што ќе биде задржан на македонско-грчката граница од страна на царинските власти и му побарала 2.000 евра, за да му помогне, на што се согласил“, објави МВР во дневниот билтен.
Црна хроника
Демолиран изборен штаб во Конче
Г.Г.(45) од село Дедино, општина Конче, пријавил во полицијата дека ноќта помеѓу 24 и 25.04.2024 во времето од 22.00 до 06.00 часот било скршено стакло на објект во село Дедино, кој се користел како штаб на кандидат за претседател на државата.
Увид на местото извршила екипа на ОВР Радовиш и се преземаат мерки за расчистување на случајот.