Црна хроника
Сообраќајка на регионалниот пат Струга-Дебар, настрада мотоциклист
– фото илустрација
Мотоциклист смртно настрада во сабота попладне на регионалниот пат Струга-Дебар кај селото Велешта, кога на него налета автомобил.
Мотоциклист смртно настрада во сабота попладне на регионалниот пат Струга-Дебар кај селото Велешта, кога на него налета автомобил.
Според полициски информации, околу 15,20 часот на регионалниот пат Струга-Дебар кај Велешта случена е сообраќајна незгода помеѓу возило „Сеад Кордоба“ со охридски регистерски ознаки управувано од Џ.М. (22) од село Подгорци-струшко и моторцикл „Сузуки“ управуван од Един Р. (20) од струшкото село Октиси. Во незгодата со тешки телесни повреди се здобил моторциклистот кој бил пренесен во Специјалната Болница „Св.Еразмо“-Охрид каде што околу 17,20 часот им подлегнал на повредите. Увид на местото на настанот извршил ЈО и увидна екипа на ПС-Струга, а по наредба на ЈО телото на починатиот е предадено за обдукција. Се превземаат мерки за целосно расчистување на случајот. /крај/со/ст
Извор: МВР
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Црна хроника
Возач фатен со 1,99 промили алкохол во крвта и активна забрана за управување возило
Вчера во 21:10 часот на автопатот Куманово-Велес, кај клучка Аеродром во Скопје, полициски службеници од Мобилната единица за безбедност на сообраќајот на патиштата при Секторот за сообраќајни работи го лишија од слобода Т.А(54) од Велес.
Имено, при контрола во патниот сообраќај, полициските службеници сопреле патничко моторно возило „ланчиа“ со велешки регистарски ознаки, кое го управувал Т.А. и по преземени мерки и извршен алкотест било констатирано дека возачот е под дејство на алкохол, односно дека управува моторно возило со 1,99 промили алкохол во крвта и дека имал активна забрана за управување возило.
Лицето од страна на полициските службеници е лишено од слобода и по документирање на случајот, ќе биде поднесена соодветна кривична пријава.
Црна хроника
Малолетник тешко повреден во сообраќајка на патот Прилеп–Македонски Брод
Ноќеска во 02:00 часот во ОВР Прилеп било пријавено дека на патот Прилеп–Македонски Брод се случила сообраќајна несреќа помеѓу две патнички возила.
Според информациите, несреќата се случила меѓу „ауди“ со прилепски регистарски ознаки, управувано од Ф.И. од село Дебреште, и „бмв“ со прилепски регистарски ознаки, управувано од Е.Ш. од истото село.
По несреќата, 17-годишен сопатник од возилото „ауди“ бил пренесен во Градска општа болница Прилеп, каде му биле констатирани тешки телесни повреди.
Увид на местото на настанот извршила увидна екипа од ОВР Македонски Брод.
Се работи на целосно расчистување на случајот.
Црна хроника
Пријавени тепачки во Шуто Оризари
Во СВР Скопје било пријавено дека на 24.02.2026 година на подрачјето на Шуто Оризари, по претходна расправија помеѓу двајца малолетници, повеќе лица физички нападнале еден од малолетниците.
Според пријавата, во инцидентот учествувале М.Х. (22), И.Х. (23) и Р.Х. (46).
Подоцна било пријавено и нарушување на јавниот ред и мир со физичка пресметка помеѓу И.З. (54) и Р.З. (36) од една страна, и М.Х. и И.Х. од друга страна, сите од Скопје.
Од полицијата информираат дека се преземаат мерки за целосно расчистување на случајот.

