Црна хроника
Сопрен од сообраќајна патрола извадил пиштол и побегнал
Полицијата трага по засега неидентификувано лице кое по бркотница со сообраќајната патрола откако било запрено возилото извадило пиштол, и без да го употреби побегнало во непознат правец, информираа во саботата од тетовската полиција.
Инцидентот се случил околу 17,35 часот во Тетово на булеварот „Благоја Тоска“ од страна на полициска партија во Тетово на автомобил „БМВ“ со тетовски регистерски ознаки му било дадено знак да застане, при што тоа не застанало туку продолжило кон Касарната Тетово. Од страна на патролата подоцна возилото било сопрено, при што од совозачката страна излегло едно непознато лице и од торбичка која ја носел на појасот, извадил пиштол и веднаш со трчање го напуштил местото на настанот.
Од страна на полициските службеници возачот на возилото бил легитимиран и утврдено било дека се работи за 29-годишниот А.Б. од селото Мерово. Тој е приведен и предаден за натамошна постапка. СВР Тетово презема мерки за пронаоѓање на другото лице и се работи на целосно расчистување на случајот./крај/мф/ффс
Извор: Макфакс
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Црна хроника
Малолетник тешко повреден во сообраќајка на патот Прилеп–Македонски Брод
Ноќеска во 02:00 часот во ОВР Прилеп било пријавено дека на патот Прилеп–Македонски Брод се случила сообраќајна несреќа помеѓу две патнички возила.
Според информациите, несреќата се случила меѓу „ауди“ со прилепски регистарски ознаки, управувано од Ф.И. од село Дебреште, и „бмв“ со прилепски регистарски ознаки, управувано од Е.Ш. од истото село.
По несреќата, 17-годишен сопатник од возилото „ауди“ бил пренесен во Градска општа болница Прилеп, каде му биле констатирани тешки телесни повреди.
Увид на местото на настанот извршила увидна екипа од ОВР Македонски Брод.
Се работи на целосно расчистување на случајот.
Црна хроника
Пријавени тепачки во Шуто Оризари
Во СВР Скопје било пријавено дека на 24.02.2026 година на подрачјето на Шуто Оризари, по претходна расправија помеѓу двајца малолетници, повеќе лица физички нападнале еден од малолетниците.
Според пријавата, во инцидентот учествувале М.Х. (22), И.Х. (23) и Р.Х. (46).
Подоцна било пријавено и нарушување на јавниот ред и мир со физичка пресметка помеѓу И.З. (54) и Р.З. (36) од една страна, и М.Х. и И.Х. од друга страна, сите од Скопје.
Од полицијата информираат дека се преземаат мерки за целосно расчистување на случајот.
Црна хроника
Жена пријавила физички напад од вонбрачен партнер во Драчево
Дваесет и двегодишна жена пријавила во СВР Скопје дека била физички нападната од нејзиниот вонбрачен партнер.
Според пријавата, на 27.02.2026 година околу 12:00 часот, во дом на подрачјето на Драчево, таа била нападната од С.С. (22) од Скопје. Случајот бил пријавен во полиција во 16:30 часот истиот ден.
Од МВР информираат дека се преземаат мерки за целосно расчистување на случајот.

