Црна хроника
Спречен обид за нелегално изнесување на 100 илјади долари
Царинските службеници на граничниот премин Меџитлија во средата утрото спречија обид за нелегално изнесување на 97.300 американски долари од државата.
Имено, утрово за излез од државата се пријавил автомобил со македонски регистарски таблички, управуван од македонски државјанин. На прашање на царинските службеници дали имаат нешто да пријават за царинска контрола, возачот и патниците одговориле дека немаат ништо за пријавување. Еден од патниците во возилото, македонски државјанин со иницијали Ј.И. изјавил дека со себе носи околу илјада долари за трошоци по пат.
Поради сомневање во изјавата, била извршена контрола на возилото и на патниците. Притоа, при личен претрес на патникот Ј.И., во чанта која ја носел со себе пронајдени се непријавени 100 илјади американски долари.
Согласно Законот за девизно работење, 2.700 долари (противвредност на две илјади евра, износ кој резидент слободно може да ги изнесе од државата) му се вратени на прекршителот, додека остатокот од 97.300 долари е привремено задржан. Против прекршителот е поведена прекршочна постапка./крај/мф/бс
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Црна хроника
Комбе удри пешак во Скопје, со тешки повреди е пренесен во болница
Вчера околу 14:30 часот во СВР Скопје е пријавено дека на бул.„Борис Трајковски“ во Скопје, товарно возило „фолксваген кеди“ со скопски регистарски ознаки, управувано од Д.Т.(21) од Скопје, удрило во пешакот З.С.(56) од Скопје.
Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил пешакот, констатирани во Градската општа болница „Св.Наум Охридски“. Извршен е увид од увидна екипа од СВР Скопје.
Црна хроника
Старица паднала од автобус, па била прегазена
Вчера околу 12:40 часот во СВР Скопје е пријавено дека на ул.„Св. Кирил и Методиј“ во Скопје, автобус „мерцедес“, управуван од В.А.(56) од Скопје, ја прегазил преку нога 72-годишната А.Б. од Скопје, откако претходно паднала од автобусот.
Во несреќата со тешки телесни повреди се здобила А.Б., констатирани во Комплексот клиники „Мајка Тереза“.
Извршен е увид од увидна екипа од СВР Скопје.
Топ
Во Белград уапсен Саит Саитов, кој прегази жена во Капиштец и избега
Министерството за внатрешни работи извести дека вчера биле информирани од надлежните служви во Србија дека во Белград е лишен од слобода Саит Саитов од Скопје, кој се бара со меѓународна потерница, распишана од македонското МВР, под сомнение за извршени тешки кривични дела „против безбедноста на луѓето и имотот во сообраќајот“ и „неукажување на помош на лице повредено во сообраќајна незгода“, за кривично-правен настан кој се случи во Скопје на 09.01.2026.
На Саитов му е одреден екстрадициски притвор и следува постапка помеѓу министерствата за правда на двете држави, со цел негово екстрадирање во Македонија и изведување пред лицето на правдата и негово соодветно санкционирање.

