Црна хроника
Спречена кражба на икони од црквата „Св. Успение на Пресвета Богородица“ во Дебар
Дебарската полиција во среда наутро спречила кражба на 20-сеттина икони од црквата „Св. Успение на Пресвета Богородица“ во Дебар.
Полициската патрола од полициската станица во Дебар утрово во 03 часот и 10 минути на ул. Павле Џиковски“ ги забележала тројцата непознати како во возило марка „Голф“ со дебарски таблици ставаат повеќе предмети.
Полициските службеници ја спречиле кражбата, но трите лица сепак успеале да избегаат кон боровата шума над населбата „Варош“ по што, при преглед на патничкото моторно возило „Голф“ пронајдени се 10 икони. Дополнително при преглед на теренот во близина на црквата Св. Успение на Пресвета Богородица, пронајдени се уште 11 икони.
Сите икони потекнуваат од црквата Св. Успение на Пресвета Богородица, каде што засега непознатите лица, употребувајќи подвижна дрвена скала преку ѕид влегле во дворното место на црквата, а по тоа истата скала ја употребиле за влегување преку прозор во внатрешноста од каде противправно ги одзеле црковните икони.
Полициската станица од Дебар презема натамошни мерки за целосно расчистување на случајот и идентификација на сторителите на вандалскиот чин.
Отецот Благоја Спировски информираше дека од наведената црква која се наоѓа во горниот дел на градот, до сега биле украдени повеќе икони. /крај/мн
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Црна хроника
Пронајдена дрога во тетовско, уапсени две лица
Вчера во 23:30 часот во с.Боговиње, тетовско, полициски службеници од Полициското одделение Камењане ги лишија од слобода Б.А.(20) и Ф.А(20) двајцата од с.Боговиње.
При преглед на патничко возило „фолксваген голф“ со тетовски регистарски ознаки, во кое се превезувале, била пронајдена и одземена марихуана.
По целосно документирање на случајот, ќе следува соодветна пријава.
Црна хроника
Уапсени двајца малолетници од Скопје, не застанале на полициска патрола, со мотоцикл удриле полицаец
Ноќеска во 00:45 часот во Скопје, на подрачјето на Карпош, полициски службеници од СВР Скопје лишија од слобода и приведоа двајца 16-годишници од Скопје.
При вршење службени дејствија, околу 00:10 часот на бул.„Митрополит Теодосиј Гологанов“ во Скопје, полициски службеници забележале мотоцикл без регистарски ознаки, кој го управувал еден од малолетниците, но тој не застанал на знак за запирање, по што со мотоциклот удрил во еден полициски службеник и му нанел повреди.
Набргу, по преземени мерки мотоциклот е запрен и тие се фатени, при што малолетниот сопатник агресивно се однесувал кон полициските службеници.
По целосно документирање на случајот, против двајцата ќе бидат поднесени соодветни поднесоци.
Топ
Работник од Дебар загина по несреќа на градилиште, починал на пат кон болница
Работник од Дебар го загуби животот по несреќа на градилиште што се случила вчера претпладне.
Како што било пријавено во ОВР Дебар околу 11:35 часот од Итната медицинска помош, 40-годишниот С.К. од Дебар починал на пат кон болницата во градот. Според информациите, околу 11:15 часот тој паднал од зграда во изградба на улицата „Братство единство“ во Дебар, каде што бил ангажиран на работа.
По несреќата, повредениот бил пренесуван кон болницата, но им подлегнал на повредите за време на транспортот.
На местото на настанот излегле трудов инспектор и јавен обвинител, а по нивна наредба телото на починатиот е предадено на обдукција. Увид на локацијата извршила екипа од ОВР Дебар.

