Црна хроника
Српски турист до смрт претепал oхриѓанец
Охридската полиција го расветли случајот околу смртта на едно лице во новогодишната ноќ во близина на кафе барот „Табана“, соопштувајќи дека станува збор за жител на Охрид кој бил до смрт претепан од српски турист.
Според СВР Охрид, станува збор за Димитар М. (27) од Охрид, кој им подлегна на повредите во општата болница во Охрид, откако претходно пред кафе барот „Табана“ беше физички нападнат од еден државјанин на Република Србија.
Српскиот турист на сега починатиот на плочникот од улицата пред влезот на кафе барот му нанел повеќе удари со раце и нозе по главата и телото.
На овој напад, му претходела жестока вербална расправија помеѓу две групи во кои од една страна бил сега починатиот Димитар и уште други двајца негови пријатели а од другата страна бил српскиот државјанин од Краљево со уште двајца други негови пријатели. Оваа вербална расправија со меѓусебна турканица се случила внатре во кафе барот „Табана“. Тука понатамошниот тек на нарушувањето бил спречен од вработените во кафе барот. Напуштајќи го кафе барот, сега починатиот бил повторно физички нападнат од српскиот државјанин кој пред угостителскиот објект му задал повеќе силни удари со раце и нозе.
Од местото на настанот, Димитар М. кој имал сериозни телесни повреди со возило на брза помош е пренесен во општата болница во Охрид каде по половина час им подлегнал на повредите.
Со цел целосно расчистување на овој случај, СВР Охрид го обезбеди местото на настанот и во содејство и присуство на Јавен обвинител извршен е увид и обезбедени се материјални траги.
По добиени сознанија и усна наредба од судија во претходна постапка, извршен е претрес во седум соби во објектот „Табана“, со цел пронаоѓање на сторителите на кривичното дело.
Во една од собите, пронајден е српскиот државјанин за кој постојат основи на сомнение дека е сторител на физичкиот напад врз сега починатиот. Во истата соба, пронајдени и обезбедени се траги од крв и на дел од облеката на осомничениот. Во другите простории пронајдени се вкупно пет други српски државјани кои биле заедно со осомничениот и биле соучесници во нарушувањето на јавнит ред и мир во објектот. Сите лица се приведени во СВР Охрид а три од нив по дополнителни оперативни мерки, се лишени од слобода.
Во тек се истражни дејствија препознавање што во СВР Охрид се вршат во содејство и координација со јавниот обвинител. Претходно преземени се мерки за анкетирање на очевидци и вработени во угостителскиот објект. По наредба на јавниот обвинител, беше извршена обдукција врз телото на починатиот. /крај/мф/ап/
Извор: Макфакс
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Црна хроника
Пронајдени четири мигранти на автопатот „Пријателство“, уапсен кумановец што ги превезувал
Утрово во 04:15 часот на автопатот ,,Пријателство“, во правец од Скопје кон Куманово, полициски службеници го лишија од слобода Н.С.(40) од Куманово.
„При вршење на мотопатролна дејност, полициските службеници запреле патничко возило „фиат браво“ со кумановски регистарски ознаки, кое тој го управувал и при извршен преглед во возилото, било констатирано дека превезувал 4 лица-мигранти, двајца од Непал и по еден од Индија и Пакистан“,соопшти МВР.
Н.С. е задржан во полициска станица, а мигрантите се пренесени во Транзитниот центар Табановце и по целосно документирање на случајот ќе биде поднесена соодветна пријава.
Топ
Кривична пријава за сопственик на фирма од Охрид по смртта на негов вработен, не му обезбедил соодветна обука
СВР Охрид поднесе кривична пријава против С.М.(43) од Охрид и против правен субјект со седиште во Охрид, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „повреда на правата од работен однос“.
Според информациите од МВР, пријавениот С.М. во својство на сопственик и управител во правниот субјект, свесно не се придржувал кон одредбите од Законот за засновање на работен однос и во правното лице, уредно не го пријавил и не извршил работничко осигурување на сега починатиот работник К.Љ. од Охрид, со што му ги одзел и ограничил правата што му припаѓале.
„С.М. дозволил пристап на сега веќе починатиот работник, на работно место кое е изложено на сериозни и специфични опасности, без притоа да добие посебни упатства за работа, односно дозволил да извршува работни задачи како помошник монтер, без притоа да изврши основна обука од областа на безбедност и здравје при работа и без соодветен здравствен преглед во здравствена ординација по медицина на трудот“, се наведува во соопштението.
Црна хроника
Претепал сограѓанин и му се заканувал со пиштол пред кафеана, приведен жител на Грчец
Триесет и деветгодишниот З.Ф. од селото Грчец, скопско, бил приведен во текот на денешниот ден поради напад пред угостителски објект на подрачјето на општина Сарај.
Претходно, на 7 февруари, тој со тврд предмет физички го нападнал 47-годишниот Р.З., исто така од Грчец, а потоа му се заканувал и со пиштол, јави МВР.
По целосно документирање на случајот, против З.Ф. ќе биде поднесена пријава.

