Црна хроника
Старец се задушил од чад во Демир Капија
Старец се задушил од чад при пожар којшто избувнал во саботата во куќата во којашто живеел.
Седумдесет и двегодишниот Благој К. бил најден на кревет во зачадена просторија од оган кој се уште тлеел на едната страна на креветот. Смрт како последица на задушување од чадот констатирал лекар од ИМП.
На нозете на починатиот (потколениците) забележани биле изгореници. Увид на лице место извршила увидна екипа од ПС-Неготино. По наредба на ОЈО, телото на починатиот е предадено за обдукција.
Два пожари во саботата избувнале и во Скопје, но повредени нема.
Едниот пожар настанал во саботата околу 11 часот во Скопје на улица „Пелагонија“ настанал пожар во куќата сопственост на Д.Р. Од страна на ТППЕ-Скопје пожарот е изгаснат. Увид е извршен и се преземаат мерки за расчистување на настанот.
Другиот пожар избувнал во саботата во 18.50 часот во Скопје на ул.„20-ти Октомври“ од засега непознати причини. Опожарена била куќа која е во делумна сопственост на Љ.М.(52) од Скопје. Пожарот е изгаснат од екипи на БППЗ. Увид ќе се врши во текот на денешниот ден./крај/мф
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Црна хроника
Приведен 15-годишник во делчевско по пријава за обљуба врз малолетничка
На 28 февруари 2026 година во 14:30 часот во делчевско, полициски службеници од ОВР Делчево лишиле од слобода 15-годишник, постапувајќи по претходна пријава од 17-годишна малолетничка.
Според пријавата, откако претходно се договориле да се сретнат, тој извршил обљуба врз неа.
За настанот бил известен јавен обвинител, како и Центарот за социјална работа, а известен бил и родител на малолетникот. Надлежните институции преземаат мерки за целосно расчистување и документирање на случајот.
Црна хроника
Пронајдена граната од Првата светска војна во битолско село
На 28 февруари 2026 година во 09:40 часот во СВР Битола, П.С. од село Добромири, битолско, пријавил дека во дворното место пронашол стара граната.
По пријавата, на местото излегол пиротехничар од Дирекција за заштита и спасување, кој безбедно ја подигнал гранатата. При извршената проверка било утврдено дека станува збор за минофрлачка граната од 75 милиметри, која потекнува од Првата светска војна.
Надлежните апелираат до граѓаните доколку пронајдат сомнителни експлозивни направи веднаш да ги пријават во полиција и да не ги допираат.
Црна хроника
Тешко повреден 17-годишен мотоциклист во сообраќајка во Битола
На 28 февруари 2026 година во 14:42 часот во СВР Битола било пријавено дека на крстосницата меѓу улиците „Македонски Гемиџии“ и „Индустриска“ во Битола се случила сообраќајна несреќа меѓу товарно возило мерцедес со битолски регистарски ознаки и мотоцикл лонгиа, исто така со битолски ознаки.
Товарното возило го управувал З.В. (42) од Битола, додека мотоциклот го управувал 17-годишник од Битола.
Во несреќата мотоциклистот се здобил со тешки телесни повреди, констатирани во Клиничка болница Битола.
Увид на местото на настанот извршила увидна екипа на СВР Битола.

