Црна хроника
Старица од Струга загинала во сообраќајката кај Мислешево
Седумдесет идеветгодишната Нафије М. од Струга е жртвата во сообраќајната несреќа што се случи во вторникот вечерта на магистралниот пат Ќафасан – Подмоље во близина на струшката населба Мислешевски пат
Од силината на удар од автобус, жената починала на лице место.Сообраќајната незгода се случила во момент на непрописно преминување на коловозот од сега починатата и неприлагодена брзина кон условите на патот со која се движел автобусот „мерцедес“ со гостиварски регистарски таблици сопственост на „Дурмо турс“ а управуван од Г.Д. (48) од Гостивар.Во моментот на непрописното преминување на коловозот, жената била удрена со предниот дел од автобусот кој на патот се движел во правец од Струга кон селото Подмолје.На местото на тешката сообраќајна незгода извршен е увид во присуство на јавен обвинител од основниот суд во Струга, како и полициски екипи од полициска станица за безбедност во патниот сообраќај во Струга.За време на увидот, магистралниот пат не беше запрен за сообраќај односно сообраќајот се одвиваше со пренасочување на околните улици./крај/мф/
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Црна хроника
Мајка од Велес ги оставила петте малолетни деца сами и заминала за Скопје
Полициски службеници од полициската станица „Ѓорче Петров“ синоќа во 2:05 часот по полноќ лишиле од слобода 36-годишна велешанка. Претходно во СВР Велес било пријавено дека таа во домот ги оставила нејзините пет малолетни деца и заминала во Скопје.
Како што денеска информираат од СВР Велес, известен бил јавен обвинител и по документирање на настанот против неа ќе биде поднесена соодветна пријава.
Црна хроника
Приведен 21-годишен охриѓанец, нападнал полицаец
Вчера во 00:10 часот, во угостителски објект лоциран на улицата „Св. Климент Охридски“ во Охрид, приведен е лице на (21) од Охрид, кој претходно бил агресивен кон полициските службеници кои преземале службени дејствија.
По целосно документирање на настанот, против него, ќе биде поднесена соодветна пријава.
Црна хроника
Угинато куче со пена на уста најдено на улица во Кавадарци, ќе постапува обвинител
Угинато куче било пронајдено доцна синоќа на улица во Кавадарци, по насока на јавен обвинител телото било однесено на обдукција, информираа денеска од Секторот за внатрешни работи – Велес.
– Синоќа во 22:15 часот во ОВР – Кавадарци, од Здружението за заштита на животни било пријавено дека на улица „Димката Ангелов – Габерот“ во Кавадарци има мртво куче со пена на устата. По насока на јавен обвинител, телото на кучето било подигнато од ветеринарен лекар и однесено во ветеринарна станица за вршење обдукција. Се преземаат мерки за расчистување на настанот, соопштија од СВР – Велес.

