Црна хроника
Стружанец украл печат од болница и давал лажни потврди за боледување
Жител на струшкото село Долна Белица украл печат од лекар во струшката болница и на друг стружанец му препишал лажна терапија за да му дадат отсуство од работа во Швајцарија.
Месецов, осомничениот изработил лажна потврда од струшката болница, украл печат од лекар по општа медицина и на жител од струшкото село Биџево, кој привремено работел во Швајцарија, му препишал терaпија. Со потврдата гастербајтерот требало да има оправдување за да му дадат отсуство од работа во Швајцарија. Фалсификаторот за услугата зел 6.000 денари.На 10-ти август годинава, при претрес на домот на сега пријавениот, пронајдени и одземени се два службени печати, првиот со име на докторот по општа медицина а вториот е округол печат на Општата болница Струга.Истите се предадени на вештачење во Министерството за внатрешни работи во Скопје.Против осомничениот се поднесени кривични пријави за „посебни случаи на фалсификување исправи“ и „одземање или уништување на службен печат или спис”./крај/мф/ффс
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Црна хроника
Мајка од Велес ги оставила петте малолетни деца сами и заминала за Скопје
Полициски службеници од полициската станица „Ѓорче Петров“ синоќа во 2:05 часот по полноќ лишиле од слобода 36-годишна велешанка. Претходно во СВР Велес било пријавено дека таа во домот ги оставила нејзините пет малолетни деца и заминала во Скопје.
Како што денеска информираат од СВР Велес, известен бил јавен обвинител и по документирање на настанот против неа ќе биде поднесена соодветна пријава.
Црна хроника
Приведен 21-годишен охриѓанец, нападнал полицаец
Вчера во 00:10 часот, во угостителски објект лоциран на улицата „Св. Климент Охридски“ во Охрид, приведен е лице на (21) од Охрид, кој претходно бил агресивен кон полициските службеници кои преземале службени дејствија.
По целосно документирање на настанот, против него, ќе биде поднесена соодветна пријава.
Црна хроника
Угинато куче со пена на уста најдено на улица во Кавадарци, ќе постапува обвинител
Угинато куче било пронајдено доцна синоќа на улица во Кавадарци, по насока на јавен обвинител телото било однесено на обдукција, информираа денеска од Секторот за внатрешни работи – Велес.
– Синоќа во 22:15 часот во ОВР – Кавадарци, од Здружението за заштита на животни било пријавено дека на улица „Димката Ангелов – Габерот“ во Кавадарци има мртво куче со пена на устата. По насока на јавен обвинител, телото на кучето било подигнато од ветеринарен лекар и однесено во ветеринарна станица за вршење обдукција. Се преземаат мерки за расчистување на настанот, соопштија од СВР – Велес.

