Црна хроника
Судии и лекари пред време ослободиле убиец од Прилеп
Против петмина судии, четворица здравствени работници, од Прилеп, Битола и од Тетово, Министерството за внатрешни работи до ОЈО Прилеп поднесе кривична пријава затоа што помогнале осуден за убиство да не издржи поголем дел од казната.
Петмината судии се од Основен суд Прилеп, тројца се вработени во ЈЗУ „Психијатриска болница Демир Хисар“ и еден раководител на затворска здравствена служба при КПУ „Идризово“ Скопје. Осомничените противправно му шпомогнале на лицето кое изври убиство на 30 септември 2006 година во Прилеп, кога со ловечка пушка го убил 29 – годишниот Љупчо Коларовски заради нерасчистени должничко-доверителски односи.Имено, првите петмина пријавени во својство на службени лица, вработени како Судии во Основен суд Прилеп заедно со лицата вработени како доктори во Психијатриска болница во Демир Хисар и доктор вработен во КПУ „Идризово“ во периодот 2012 до 2014 година преку донесување на одлуки спротивно на Законот за извршување на санкциите, а дел од нив и преку изготвување на невистинита медицинска документација, со што му овозможиле на осуденикот (осуден на казна затвор во вкупно траење од 10 години и 7 месеци за кривични дела “убиство“ и “измама“) да не ја издржува казната затвор и да биде на слобода.Првопријавениот судија за извршување на санкции, се товари дека ги пречекорил границите на своето службено овластување, на начин што во постапките за прекин на издржувањето на казната затвор, донел Решенија за прекин на издржување на казната врз основа на ирелевантна медицинска документација без воопшто да обезбеди Мислење од затворската здравствена служба на КПУ „Идризово“. Истиот донел и Решение за прекин на издржувањето на казната затвор поради лекување од позиција на слободен граѓанин.Останатите пријавени судии како членови на Кривичен совет во Основен суд Прилеп, идентично на првопријавениот, гласале да му се прекине издржувањето на казната, без Мислење од затворската здравствена служба на КПУ „Идризово“ и Мислење од надлежниот Јавен обвинител.Пријавениот доктор во КПУ „Идризово“ сочинил две Мислења во кои внел невистинита содржина дека врз основа на медицинската документација актуелната здравствена состојба на осуденикот била влошена, иако тоа било во спротивност со фактичката состојба.
Пријавените доктори во ЈЗУ „Психијатриска болница Демир Хисар“,со цел да му овозможи на осуденикот неосновано да ги исполни законските услови за прекин на издржувањето на казната затвор, до Судијата за извршување на санкции доставиле Известување во кое се вели дека осудениот страда од чести епилептични напади, иако тоа не било вистина./крај/со/бб
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Црна хроника
Возило од Албанија излетало од патот во Струшко: повредени се повеќе лица
Утрово во 08.10 часот, на магистралниот пат Ќафасан – Подмолје, кај клучката за струшкото село Радожда, патничко возило „мерцедес“ со албански национални ознаки, управувано од Ѓ.А.(55) од Елбасан, Република Албанија, излетало надвор од коловозот.
Во несреќата, со тешки телесни повреди се здобил совозачот Б.Х.(31), а со телесни повреди се здобиле возачот Ѓ.А. и сопатниците М.Џ.(51), Ц.П.(34)и Д.Х.(24), сите од Република Албанија, констатирани во болницата „Св.Еразмо“ во Охрид.
Надлежните информираат дека увид извршиле полициски екипи.
Црна хроника
Во оптек пуштил лажни евра: уапсен маж од Кичевско
Вчера во 03.00 часот, во казино на булеварот „Туристичка“ во Охрид, од слобода бил лишен Р.Б.(28) од кичевското село Долно Страгомиште.
Тој се сомничи дека во оптек пуштил лажни евра кои сакал да ги прикажи како вистинити, со што сторил кривично дело „фалсификување пари“, според член 268 од Кривичниот законик.
Полицијата соопшти дека против него ќе биде поднесена соодветна пријава.
Црна хроника
Жена од Скопско тешко повредена: ја прегазил трактор
Вчера во 18.55 часот во СВР Скопје, било пријавено дека во с.Р`жаничино, скопско, трактор „ИМТ“ со скопски регистарски ознаки, управуван од Г.К.(50) од с.Р`жаничино, удрил во пешакот С.Л.(57) од истото село.
Во несреќата со тешки телесни повреди се здобила С.Л., констатирани во Комплекс клиники „Мајка Тереза“ Скопје.
Извршен бил увид од увидна екипа од СВР Скопје.