Црна хроника
Tешко повреден тракторист при судир на автомобил и трактор во Битолско

Вчера, во 18.40 часот, во СВР Битола било пријавено дека на патот Битола – Нижеполе се случила сообраќајна несреќа помеѓу трактор „ИМТ 539“, без регистарски ознаки, управуван од З. Б. (61) од с. Карамани, Битолско, и патничко возило „опел фронтера“, со битолски регистарски ознаки, управувано од Д. Ч. (29) од Битола.
Во несреќата тешки телесни повреди добил З. Б., а Д. Ч. и неговата сопатничка А. Ч. (25) од Битола добиле телесни повреди, констатирани во Клиничка болница во Битола.
Увид извршила екипа од Полициската станица Битола.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Топ
МВР со информации за несреќата кај „Борис Трајковски“: повредени се две лица

Две лица се повредени во сообраќајната несреќа на булеварот 8-ми Септември во близина на спортскиот центар Борис Трајковски.
Според информациите од МВР за „Макфакс“ во несреќата учествувале три возила: „сеат“, „фиат“ и уште еден „сеат“.
Според првичните информации повредени се две лица.
Како што и претходно објави „Макфакс“, карактерот на повредите засега е непознат.
Во тек е увид.
Црна хроника
(Фото) Несреќа кај салата „Борис Трајковски“: Распрскано стакло, укажувана прва помош

Два автомобили се судрија на булеварот „8 септември“ во близина на спортскиот центар „Борис Трајковски“. Од првичните информации, има повредени лица. Карактерот на повреди – засега е непознат.
Возилата се оштетени. На едното од нив, марка „сеат“, пукнато е стаклото од страната на возачот и истото е распрскано на булеварот. Паднат е и фар од едно од возилата. Била укажувана и прва помош, а на улицата се остатоци од гази, како и лични предмети.
„Макфакс“ побара информации од МВР за несреќата, од каде најавија информации за наскоро.
Црна хроника
Глутница кучиња нападнаа маж во Кичево, со тешки повреди пренесен е во болница

Маж се здобил со тешки повреди по напад на повеќе кучиња во Кичево.
За време на нападот, 24-годишниот кичевец паднал по што бил пренесен во Општа болница во Кичево каде му биле констатирани тешки телесни повреди, велат од МВР.
Нападот, како што информираат од полицијата, се случил синоќа на улицата „Јанко Михајлоски“ во Кичево.