Црна хроника
Татко и син одгледувале марихуана во Табановце
Татко и син одгледувале марихауна во кумановското село Табановце, во двор од семејната куќа.
Во вторник полицијата извршила претрес во нивниот дом и во дворот пронашле вкупно 71 стебло од растението „канабис сатива“, околу четири килограми наркотична дрога „марихуана“, едно кутивче со семки од растението „канабис сатива“, воздушна пушка и куршум. Исто така запленети биле црево, туби, мотика кои ги користеле за одгледување и обработување на растенијата.По целосно расчистување и документирање на настанот ќе биде поднесена кривична пријава против таткото и синот кои веќе имале издржано затворски казни, синот за трговија со дрога, а таткото за измама и тепачка./крај/мф
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Топ
Мајка и дете загинаа по пад од зграда во скопски Карпош
Женско лице и нејзиното малолетно дете се пронајдени попладнево починати по пад од тераса во скопски Карпош.
Од Министерството за внатрешни работи го потврдија случајот без дополнителни детали.
„Денеска околу 14:15 часот во СВР Скопје е пријавено дека на подрачјето на Карпош од балкон од зграда се фрлиле женско лице и малолетно дете кои починале.
Полициски службеници се излезени на местото на настанот“, потврдија од МВР, најавувајќи повеќе детали по завршување на увидот.
Црна хроника
Скијач од Словенија повреден на Титов Врв
Вчера во 12:05 во СВР Тетово е пријавено дека на место викано „Бакардан“, во близина на „Титов Врв“, има повредено лице.
Според пријавеното, Ј.Р.(65) од Словенија паднал и се повредил при скијање.
Со ратрак служба е преземен и пренесен во Клинички центар Тетово каде му е укажана лекарска помош.
Црна хроника
Пукање во Чаир, од автомобил во движење испукани неколку куршуми
Вчера вечерв во 22:52 часот во СВР Скопје е пријавено дека на подрачјето на Чаир во Скопје, од патничко возило во движење биле испукани неколку куршуми.
Повредени лица нема, а по преземени мерки полициски службеници од местото на настанот подигнале осум чаури.
Од МВР влеат дека се преземаат мерки за расчистување на случајот.
фото/Depositphotos

