Црна хроника
Таткото на прегазената студентка: Некој друг возел, него го штити „јак“ човек
Таткото на студентката од Крива Паланка која во април беше прегазена на булеварот „Партизански одреди’, кај Универзална сала во центарот на Скопје, се сомневаат дека возачот што сам се пријави, ја возел „хондата“ и се убедени дека некој друг бил зад воланот, некој кој го штити некој „јак човек во државава“.
Родителите на дваесетгодишната Фросина Цековска во петокот се во обвинителството каде ги читале исказите на сведоците на несреќата и ги гледале снимките од камерите кои снимале за време на несреќата. И по пет месеци сé уште истрагата е во тек и нема поднесено обвинение за сообраќајната несреќа.Според таткото на девојката, Љупчо Цековски папиларните линии од отпечатоците на воланот не се совпаѓале со папиларните линии на отпечатоците на дваесет ишестгодишниот скопјанец кој сам се пријави дека ја предизвикал несреќата.„Истрагата е насочена против лицето кое се пријавило, но има јаки сомнежи. Недостигот од папиларни линии, бришење на воланот, наоѓање разни отпечатоци на седиштата. Не се совпаѓаат папиларните линии на воланот со папиларните линии на убиецот. Сто отсто друг е“, рече Цековски во изјава за медиумите.Тој е незадоволен што убиецот, како што го нарекува лицето кое ја предизвикало сообраќајната несреќа во којашто загина неговата ќерка, сé уште е на слобода, но вели дека кој и да е „ќе го најдат и ќе одговара“. Во обвинителството им велеле „дека била таква процедурата“ и снимките и доказите доцнеле многу, па затоа истрагата одела бавно. Досега ги изгледале снимките од камерите кои го снимале местото каде загинала девојката, а во текот на денов требало да ги прегледаат и снимките коишто треба да покажат дали возачот минал, на зелено или на црвено.Несреќата се случи на почетокот на април. Автомобил „хонда“ со голема брзина удрил во студентката која ја минувала улицата кај Универзалната сала и ја усмртил на лице место. Возачот веднаш избега од местото на несреќата, но по дваесетина минути сам се пријави во полициската станица во Ѓорче Петров каде што раскажал што се случило.На слобода е и возачот што го прегази тинејџерот кај Католичка црква. На 30-ти септември закажано е судењето за оваа сообраќајка што се случи во ноември минатата година, во којашто исто, со огромна брзина беше прегазено шеснаесетгодишно момче. Во четвртокот, пак, скопјанецот кој ја прегази новинарката Сузана Тодоровска-Павлоска кај трговскиот центар „Зебра“ беше осуден на пет години затвор./крај/мф/ффс
Извор: Фото:архива
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Црна хроника
Обвинение за семејно насилство врз бремена девојка во Свети Николе
Основното јавно обвинителство Свети Николе итно ги презеде сите дејствија за обезбедување докази и поднесе обвинение против 21-годишник за нанесување телесна повреда при семејно насилство, што е кривично дело според член 130 став 2 во врска со став 1, како и за противправно лишување од слобода според член 140 став 2 во врска со став 1 од Кривичниот законик, информираат од Обвинителството.
Како што се наведува во соопштението, обвинетиот на 19 и 20 февруари, во семејната куќа во Свети Николе, при вршење семејно насилство, ја ограничил слободата на движење и телесно ја повредил неговата бремена девојка.
„Ја навредувал оштетената со која живееле во семејна заедница, а потоа започнал да ја удира со тупаници. Кога девојката се онесвестила од ударите, ја однел во бањата каде ја освестил со ладна вода, по што почнал да ја влече за коса и повторно да ја удира со боксови по главата и телото. Оштетената од ударите се здобила со повеќе телесни повреди, а кога се обидела да избега обвинетиот и го одзел мобилниот телефон и ја заклучил во спалната соба, каде ја држел 15 часа спротивно на нејзината волја.
Јавниот обвинител, заедно со обвинението, поднесе и предлог за определување мерка притвор за обвинетиот. Во меѓувреме се вршат проверки и во однос на наводи и сомненија за други дејствија на злоупотреби од ова лице кон истата оштетена, кои произлегуваат од нејзиниот исказ даден пред јавниот обвинител“, велат од Обвинителството.
Топ
Од Дубаи екстрадирано лице барано со потерница од македонската полиција, прва екстрадиција од Обединетите Арапски Емирати во нашата земја
Денеска од Дубаи во нашата земја беше екстрадиран 33-годишниот Флорим Лимани, кој беше баран со меѓународна потерница за издржување затворска казна од три години и шест месеци за сторено кривично дело „недозволено изработување, држење и тргување со оружје или распрскувачки материи”, казниво по чл. 396 ст.1 од КЗ.
Ова е прва реализирана екстрадиција на лице од Обединетите Арапски Емирати, кое нашата држава го бара со меѓународна потерница, извести МВР.
Фото: МВР
Топ
Кривична против поранешна директорка на Клиничка болница Битола за злоупотреба на службената положба и овластување
СВР Битола, до Основното јавно обвинителство Битола, поднесе кривична пријава против Е.И.(53) од Битола поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „злоупотреба на службената положба и овластување”.
Пријавената, како поранешен директор на Јавна здравствена установа-Клиничка болница Битола, во текот на 2023 година, спротивно на одредбите од Законот за администаривни службеници, Законот за изменување и дополнување на Законот за администаритвни службеници, без согласност од Министерството за финансии и спротивно од Законот на буџети за вработување, без спроведени интерни огласи и согласност и потпис од Секторот за човекови ресурси, за 11 лица вработени како административни службеници во управната зграда во Клиничка болница Битола склучила анекси кон договорите за вработување со цел зголемување на коефициентите на сложеност на работните места и издала решенија за утврдување на висина на плата, односно унапредување во повисок степен без соодветно образование.
На тој начин пријавената го оштетила Буџетот на Министерството за здравство, односно Фондот за здравствено осигурување за 49.304 евра до моментот на поднесување на пријавата. На пример, лице вработено како помошник одговорен инжинер за техничко одржување на објекти, каде било предвидено средно образование електротехника или електромашинство, било унапредено лице со академско звање – доктор на науки од областа на индустриски менаџмент и платата му била пресметувана по коефициент на сложеност кој се однесувал за профил доктор на немедицински науки, сродни на дејностите на установата.

