Црна хроника
Teтовец ја чистел куќата на покојниот татко и нашол автоматска пушка, се јавил во полиција
Maж од селото Подбреѓе пријавил во полицијата дека при чистење на стара куќа, сопственост на неговиот покоен татко, пронашол автоматска пушка.
„Вчера во 18.15 часот во Полициското одделение Јегуновце, З.А.(41) од тетовско Подбреѓе пријавил дека при чистење на стара куќа, сопственост на неговиот покоен татко С.А. во село Подбреѓе, пронашол една автоматска пушка. По овластување на јавен обвинител, полициски службеници од СВР Тетово извршиле увид и било констатирано дека станува збор за автоматска пушка калибар 7,62, четири рамки и 197 куршуми од ист калибар“, велат од МВР.
Пронајденото било подигнато за понатамошна постапка.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Црна хроника
Измамил граѓанин за над 370. 000 денари: кумановец се претставил како вработен во туристичка агенција
СВР Куманово поднесе кривична пријава против Е.Б.(33) од Куманово.
Тој се сомничи за сторено кривично дело „измама“.
Пријавениот, се претставил како вработен во туристичка агенција во Куманово и со намера да прибави противправна имотна корист, довел во заблуда едно лице за резервација за летување за две семејства во Р.Турција, во износ од 373. 890 денари.
Црна хроника
Претрес во Кичево, пронајдена дрога, уапсено едно лице
Вчера во 13:50 часот во Кичево, полициски службеници од Надворешната канцеларија за криминалистички работи Кичево го лишија од слобода У.З.(45) од Кичево.
При претрес во неговиот дом и неговото возило „хјундаи“, извршен со судска наредба, пронајдени и одземени се марихуана, бела прашкаста материја и предмети со остатоци од бела прашкаста материја.
Тој е задржан во полициска станица и по целосно документирање на случајот, во координација со јавен обвинител, против него ќе биде поднесена соодветна пријава.
Црна хроника
Уапсен маж од Охридско, измамил жена со лажна сообраќајна незгода и ѝ зел 8.000 евра
Полицијата уапси измамник од охридско, измамил жена од струшко за сума од 8.000 евра.
Вчера во 11.40 часот во Струга, полициски службеници го лишија од слобода Н.С.(40) од с.Горно Лакочереј, охридско.
Тој се сомничи дека на 11.12.2025 измамил 77-годишна жена од струшко село за сума од 8.000 евра. Според пријавеното, тој телефонски ја побарал жената, лажно се претставил и ѝ рекол дека нејзината ќерка прегазила дете на пешачки премин и дека ќе треба да плати за да ја пуштат, односно да ја ослободат од наводно обвинение.
Откако се договориле жената му ги дала парите и тој заминал.
Против него е поднесена кривична пријава поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело измама.

