Црна хроника
Teшко повредена жена од Скопје откако со автомобил удрила во ограда од куќа
34-годишна жена од скопско Визбегово се здобила со тешки телесни повреди откако со автомобилот удрила во ограда од куќа.
Според полицијата утрово во 01.00 часот во СВР Скопје било пријавено дека на крстосницата од ул.„Лука Геров“ и ул.„Тиранска“, патничко моторно возило „хјундаи“ со скопски регистарски ознаки, управувано од М.Д.(34) од с.Визбегово-скопско, удрило во ограда од куќа.
Во несреќата со тешки телесни повреди се здобила М.Д., констатирани во комплексот клиники „Мајка Тереза“.
Извршен бил увид на местото на настанот од увидна екипа од СВР Скопје.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Црна хроника
Трагедија на работното место: 53-годишен скопјанец загина во производствена хала
Работник на 53-годишна возраст загина вчера при извршување работни задачи во производствена хала во фирма кај Новоселски пат.
Како што информираат од Министерството за внатрешни работи, на 12 декември 2025 година во 08:40 часот во СВР Скопје било пријавено дека С.А. (53) од Скопје се здобил со тешки повреди од машина, по што починал на самото место.
Смртта била констатирана од лекар од Итната медицинска помош, а на местото на настанот бил извршен увид.
Црна хроника
Два случаи на семејно насилство за два дена: сопруги нападнати во Скопје и Штип
Два одвоени случаи на семејно насилство се пријавени во текот на изминатите денови во Скопје и Штип, информираат од Министерството за внатрешни работи.
На 12 декември 2025 година околу 12:00 часот, во Полициската станица Драчево бил извршен службен разговор со Б.А. (68) од Скопје, по претходна пријава дека на 9 декември физички ја нападнал својата 66-годишна сопруга. По целосно документирање на случајот, ќе биде поднесен соодветен поднесок.
Во вториот случај, на 13 декември 2025 година во 02:00 часот, полициски службеници од СВР Штип го лишиле од слобода К.Д. (71) од Штип, по пријава дека на 12 декември околу 14:30 часот физички ја нападнал својата 77-годишна сопруга и ѝ упатувал закани. И за овој случај, по целосно документирање, ќе следува соодветен поднесок.
Црна хроника
Приведен 28-годишен штипјанец: ѝ се заканувал на мајка си, кршел низ домот и ѝ го одзел телефонот
Полициски службеници го приведоа 28-годишниот З.М. од Штип, откако неговата 53-годишна мајка пријавила дека ѝ упатувал закани, оштетил дел од покуќнината и ѝ го одзел мобилниот телефон.
Како што информира полицијата, настанот бил пријавен на 12 декември 2025 година околу 13:40 часот, по што полицијата интервенирала и го привела осомничениот.
По целосно документирање на случајот, против него ќе биде поднесен соодветен поднесок.
Фото: Pexels (илустрација)

