Црна хроника
Тепачка меѓу соселани во Лопате завршила со повредени
Тепачка меѓу браќа од две семејства од село Лопате, кумановско, завршила со повредени на двете страни, соопшти полицијатаа.
Имено, во средата, околу 19.45 часот во село Лопате, кумановско поради предходна расправија браќата Ф.А.(33),Ф.А.(30) и уште едно засега непознато лице со автомобил „Фолксваген-Венто“со кумановски регистерски ознаки, му го попречиле патот на „Фолксваген-Шаран“ со австриски национални ознаки во кое се наоѓале В.З.(18), неговиот брат Ф.З.(18) и Р.А.(20).Првите излегле од возилото и Ф.А.(33) со дршката од пиштолот почнал да удира на страничното стакло на возачката врата од другото возило по што В.З. го стартувал возилото и тргнал, но удрил во заштитна ограда и застанал. Тие биле физички нападнати, а Р.А. бил удрен и со тврд предмет во пределот на главата. Со телесни повреди се здобил и Ф.З. по што повредените биле пренесени во Медицинскиот центар во Куманово за укажување лекарска помош. Полициски службеници од СВР-Куманово излегле на местото на настанот и извршиле увид, а по трите осомничени лица се трага и се работи на целосно расчистување на случајот./крај/со/бб
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Црна хроника
Мајка од Велес ги оставила петте малолетни деца сами и заминала за Скопје
Полициски службеници од полициската станица „Ѓорче Петров“ синоќа во 2:05 часот по полноќ лишиле од слобода 36-годишна велешанка. Претходно во СВР Велес било пријавено дека таа во домот ги оставила нејзините пет малолетни деца и заминала во Скопје.
Како што денеска информираат од СВР Велес, известен бил јавен обвинител и по документирање на настанот против неа ќе биде поднесена соодветна пријава.
Црна хроника
Приведен 21-годишен охриѓанец, нападнал полицаец
Вчера во 00:10 часот, во угостителски објект лоциран на улицата „Св. Климент Охридски“ во Охрид, приведен е лице на (21) од Охрид, кој претходно бил агресивен кон полициските службеници кои преземале службени дејствија.
По целосно документирање на настанот, против него, ќе биде поднесена соодветна пријава.
Црна хроника
Угинато куче со пена на уста најдено на улица во Кавадарци, ќе постапува обвинител
Угинато куче било пронајдено доцна синоќа на улица во Кавадарци, по насока на јавен обвинител телото било однесено на обдукција, информираа денеска од Секторот за внатрешни работи – Велес.
– Синоќа во 22:15 часот во ОВР – Кавадарци, од Здружението за заштита на животни било пријавено дека на улица „Димката Ангелов – Габерот“ во Кавадарци има мртво куче со пена на устата. По насока на јавен обвинител, телото на кучето било подигнато од ветеринарен лекар и однесено во ветеринарна станица за вршење обдукција. Се преземаат мерки за расчистување на настанот, соопштија од СВР – Велес.

