Црна хроника
Тешка сообраќајна несреќа на патот Прилеп-Битола, еден загинат
Едно лице загина во тешка сообраќајна несреќа што се случи во петок попладне на регионалниот пат Прилеп – Битола кај селото Алинци.
Несреќата се случила кога возилото „опел астра“, управувано од 47 годишниот М.Г од Битола, директно се судрило со товарно возило „сканија“ со скопски регистерски таблички.
Во несреќата животот го загубил М.Г. од Битола.
Во судирот не забележувајќи ја колоната од возила се судриле уште неколку возила каде што две лица се повредени и веднаш се пренесени во градската болница во Прилеп. /крај/со/ст
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Црна хроника
Штипјанец пријавен за неовластени трансакции со туѓа банкарска картичка
Полицијата во Штип поднесе кривична пријава против Е.З. (38) од овој град, поради сомнение за кривичното дело „оштетување и неовластено навлегување во компјутерски систем“.
Според пријавата, на 4 септември 2025 година во Штип, осомничениот без дозвола и согласност ја користел банкарската картичка на 75-годишна жена од Штип и неовластено извршил трансакции на банкомат.
Случајот е целосно документиран и проследен до надлежните органи за понатамошна постапка.
Црна хроника
Притворен стружанец поради обид за убиство пред угостителски објект
Полицијата вчера го приведе Е.А.(27) од струшкото село Франгово во врска со убиство во обид сторено на 16 авгиуст во Струга.
„Со решение од Основниот суд во Струга, него определена му е мерка притвор во траење од 30 дена, по што е пренесен во Казнено поправната установа „Затвор“ Охрид“, соопшти СВР Охрид.
Инцидентот се случил пред угостителски објект во Струга, кога осомничениот заедно со уште едно лице го нападнал Н.Д. (30) од село Велешта, употребувајќи остар предмет.
Црна хроника
Фирма од Струмица затаила данок од 9,7 милиони денари
СВР Струмица до Основното јавно обвинителство Струмица поднесе кривична пријава против правно лице од Струмица и А.З.(46) од Струмица, сопственик и управител на правното лице, поради основи на сомневање дека во три наврати сториле кривично дело „даночно затајување“.
Пријавениот правен субјект како даночен обврзник, а А.З. во својство на управител на правниот субјект, во 2023 година избегнувајќи законска даночна обврска пријавиле помал излезен данок во вкупен износ од 1.986.083 денари, со што постапиле спротивно на одредбите од Законот за додадена вредност.
Исто така, правното лице како даночен обврзник и управителот не пресметале и не уплатиле данок на личен доход во вкупен износ од 3.888.722 денари.
Воедно, при извршена контрола од Управата за јавни приходи во финансиската документација констатирани се непризнаени расходи, со што довело до зголемување на даночната основа за данок на добивка за 2023 година во вкупен износ од 3.889.072 денари.
Со ваквите дејствија пријавените во 2023 година го оштетиле Буџетот на Р.С. Македонија во вкупен износ од 9.763.877 денари.

