Црна хроника
Тетовец ја претепал невенчаната сопруга со дрвен стап
Жител на тетовското село Расадиште во понеделникот ја претепал невенчаната сопруга со дрвен стап додека ги напасувала овците во тетовското село Жеровјане.
Додека педесетгодишната жена од селото Лисец ги пасела овците, дошол четири години постариот невенчан сопруг, почнале да се караат и удрил неколку шлаканици.Жената се обидела да се одбрани со дрвениот стап, но тој и го грабнал од рацете и повеќепати ја удрил по главата и телото од што жената изгубила свест.Мештаните со возило ја пренесле во тетовската клиничка болница каде ѝ била укажана лекарска помош и каде констатирани повеќе видливи повреди на рацете и лицето, кои се фотодокументирани. Нејзиниот невенчан сопруг бил повикан во СВР Тетово, разговарано е со него и по целосното расчистување на случајот ќе биде поднесен соодветен поднесок./крај/мф/ффс
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Црна хроника
Мајка од Велес ги оставила петте малолетни деца сами и заминала за Скопје
Полициски службеници од полициската станица „Ѓорче Петров“ синоќа во 2:05 часот по полноќ лишиле од слобода 36-годишна велешанка. Претходно во СВР Велес било пријавено дека таа во домот ги оставила нејзините пет малолетни деца и заминала во Скопје.
Како што денеска информираат од СВР Велес, известен бил јавен обвинител и по документирање на настанот против неа ќе биде поднесена соодветна пријава.
Црна хроника
Приведен 21-годишен охриѓанец, нападнал полицаец
Вчера во 00:10 часот, во угостителски објект лоциран на улицата „Св. Климент Охридски“ во Охрид, приведен е лице на (21) од Охрид, кој претходно бил агресивен кон полициските службеници кои преземале службени дејствија.
По целосно документирање на настанот, против него, ќе биде поднесена соодветна пријава.
Црна хроника
Угинато куче со пена на уста најдено на улица во Кавадарци, ќе постапува обвинител
Угинато куче било пронајдено доцна синоќа на улица во Кавадарци, по насока на јавен обвинител телото било однесено на обдукција, информираа денеска од Секторот за внатрешни работи – Велес.
– Синоќа во 22:15 часот во ОВР – Кавадарци, од Здружението за заштита на животни било пријавено дека на улица „Димката Ангелов – Габерот“ во Кавадарци има мртво куче со пена на устата. По насока на јавен обвинител, телото на кучето било подигнато од ветеринарен лекар и однесено во ветеринарна станица за вршење обдукција. Се преземаат мерки за расчистување на настанот, соопштија од СВР – Велес.

