Црна хроника
Тинејџер си го уби братчето гледајќи го како гоблин
– (Архивска илустрација)
Осумнаесетгодишниот Коди Мецкер-Мадсен е обвинет за убиството на своето петгодишно полубратче, а за време на судењето изјавил дека го сменил реалниот свет со фантазијата под влијание на компјутерска игра, пишува во четвртокот Daily Mail.
Осумнаесетгодишниот Коди Мецкер-Мадсен е обвинет за убиството на своето петгодишно полубратче, а за време на судењето изјавил дека го сменил реалниот свет со фантазијата под влијание на компјутерска игра, пишува во четвртокот Daily Mail.
Трагедијата се случила уште минатата 2013 година, кога тинејџерот со метална прачка до смрт го претепал својот брат кој си играл во дворот, а потоа го удавил во базенот.Во исказот пред судот момчето рекло дека „живеел“во играта, чија приказна почива на римската митологија и продолжил да биде „во својот свет“ сѐ до моментот кога го обвиниле за убиство. Обвинетиот тврдел дека наместо своето братче гледал „зелен грд гоблин“, на кого му го смачкал лицето а телото му го фрлил во амбис.Како сведок на сослушувањето се појавила и биолошката мајка на Мецкер-Мадсен, на којашто ѝ било одземено родителското право. Таа изјавила дека земала наркотици кога била бремена, а нејзиниот син во детството бил затворен и имал „многу имагинарни пријатели“.Во моментов тинејџерот се наоѓа во изолација, бидејќи неговата одбрана инсистира на непресметливост. Со каква казна се соочува, не е наведено./крај/мф/сн
Извор: The Daily Mail
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Црна хроника
Комбе удри пешак во Скопје, со тешки повреди е пренесен во болница
Вчера околу 14:30 часот во СВР Скопје е пријавено дека на бул.„Борис Трајковски“ во Скопје, товарно возило „фолксваген кеди“ со скопски регистарски ознаки, управувано од Д.Т.(21) од Скопје, удрило во пешакот З.С.(56) од Скопје.
Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил пешакот, констатирани во Градската општа болница „Св.Наум Охридски“. Извршен е увид од увидна екипа од СВР Скопје.
Црна хроника
Старица паднала од автобус, па била прегазена
Вчера околу 12:40 часот во СВР Скопје е пријавено дека на ул.„Св. Кирил и Методиј“ во Скопје, автобус „мерцедес“, управуван од В.А.(56) од Скопје, ја прегазил преку нога 72-годишната А.Б. од Скопје, откако претходно паднала од автобусот.
Во несреќата со тешки телесни повреди се здобила А.Б., констатирани во Комплексот клиники „Мајка Тереза“.
Извршен е увид од увидна екипа од СВР Скопје.
Топ
Во Белград уапсен Саит Саитов, кој прегази жена во Капиштец и избега
Министерството за внатрешни работи извести дека вчера биле информирани од надлежните служви во Србија дека во Белград е лишен од слобода Саит Саитов од Скопје, кој се бара со меѓународна потерница, распишана од македонското МВР, под сомнение за извршени тешки кривични дела „против безбедноста на луѓето и имотот во сообраќајот“ и „неукажување на помош на лице повредено во сообраќајна незгода“, за кривично-правен настан кој се случи во Скопје на 09.01.2026.
На Саитов му е одреден екстрадициски притвор и следува постапка помеѓу министерствата за правда на двете држави, со цел негово екстрадирање во Македонија и изведување пред лицето на правдата и негово соодветно санкционирање.

