Црна хроника
Тракторист се обидел да ги исчисти плуговите, но тракторот го прегазил
Тракторист се обидел да ги исчисти плуговите, но тракторот со којшто ја обработувал нивата го прегазил.
Несреќата се случила во неделата наутро околу 8.30 часот во скопското село Љуботен. Со тракторот управувал педесет и тригодишниот И.А. од истото село. Застанал со тракторот за да ги исчисти плуговите, но бидејќи бил поставен на надолнина, тракторот започнал да се движи. Тој се обидел да го запре со раце, но бил соборен на земја, по што тракторот му поминал преку левата страна од градниот кош и ногата. Трактористот бил пренесен во Градска општа болница „Св. Наум Охридски,“ каде му биле констатирани телесни повреди по што бил задржан во одделот за Интензивна нега на понатамошно лекување. Полициски службеници од Полициската станица Чаир не излегле на местото на настанот, бидејќи член на семејството на трактористот го пренел тракторот од нивата во неговиот дом./крај/мф
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Црна хроника
Со цигла скршил стакло од прозорец и влегол да краде, го нападнал и сопственикот: истрага за разбојничка кражба во Скопје
Основното јавно обвинителство Скопје донесе Наредба за спроведување истражна постапка и предложи мерка притвор за лице осомничено за – Разбојничка кражба според член 238 став 1 од Кривичниот законик.
На 19 октомври осомничениот со цигла го скршил стаклото на прозорецот од спалната соба во куќа на улицата “Благоја Стефковски”. Влегол во куќата и пребарувал, па во една од собите пронашол и одзел 1.580 евра и 2.000 денари и се обидел да го напушти местото.
Сопственикот на куќата го забележал и сакал да го спречи, но осомничениот физички го нападнал, го турнал во грмушките во дворот и избегал.
Притвор е побаран поради опасноста од бегство, можност за влијание врз сведоците и оштетениот, како и ризикот осомничениот да го повторува делото.
Топ
Загинатите во тешката сообраќајна незгода кај Плетвар се од Кавадарци, објавен идентитетот на учесниците во несреќата
МВР објави информации за лицата кои загинаа и повредените во сообраќајната несреќа на патот Градско-Прилеп, во близина на Плетвар.
При судир на два автомобила, вчера загина едниот од возачите Ѓ.П.(35) од селото Дреново, и неговиот сопатник Б.П.(56) од истото село во Кавадаречко.
Другиот автомобил го управувал О.О.(31) од с.Тополница, радовишко, кој се здобил со тешки повреди. Меѓу повредените се и неговиот сопатник С.О.(24) од с.Тополница, радовишко. Тешко повредени се и Н.П.(28), Т.П.(53) и С.П.(31) сите од с.Дреново, кавадаречко.
Повредените се хоспитализирани во Градска болница Прилеп и Општа болница Кавадарци.
По извршениот увид, Обвинителството вчера соопшти дека несреќата се случила за време на прекенување, а двата автомобили возеле во истата насока.
Црна хроника
Тепачка поради расправија во сообраќајот во Тетово, едниот од нив со нож им се заканувал на полицајци
СВР Тетово поднесе кривична пријава против Х.Б.(33) и М.Б.(44), двајцата од с.Порој, тетовско, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „насилство“ и А.С.(36) од Тетово поради постоење основи на сомнение за кривично дело „загрозување на сигурноста“.
Денеска во Тетово, по претходна расправија во сообраќајот, прво и второпријавениот му ја оштетиле колата на третопријавениот, по што настанала физичка пресметка помеѓу нив.
Пoтоа, третопријавениот со нож упатил закани кон полициски службеници кои извршувале службени дејствија.

