Црна хроника
Три лица повредени во групна масовна тепачка во гостиварско

Шест лица учестувале во групна тепачка во гостиварското село Долна Ѓеновица, при што три се повредени, од кои едно со серизони повреди е пренесено во Клиничкиот центар Скопје.
Во втроникот во 19.05 часот во полициската станица Гостивар било пријавено дека во Долна Ѓеновица, гостиварско поради меѓусебни недоразбирања по кратка вербална расправија настанала тепачка помеѓу две групи , од едната страна Д.Н.(76), А.Е.(24) и Ќ.Џ.(22) и од другата страна Ш.Ш.(48), Н.Ш.(42) и Е.Ш.(17).
Од тепачката со телесни повреди се здобиле лицата А.Е. и Ќ.Џ., на истите им е укажана лекарска помош во Медицински центар Гостивар, додека Д.Н. поради сериозност на повредите е пренесен во Клинички центар Скопје.
По преземени мерки во приведени се Ш.Ш., Н.Ш. и Е.Ш., по целосно расчистување на случајот ќе биде поднесен соодветен поднесок. /крај/
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Црна хроника
Жена од Илинден пријавила дека такси возач ја вознемирувал и ја допирал по телото

Вчера во Полициското одделение Петровец, 37-годишна жена од населено место во општина Илинден пријавила дека на 15 септември, 30 минути по полноќ, такси возач наместо да ја однесе до нејзиниот дом, почнал да ја допира по телото.
Откако му се спротивставила, возачот престанал и ја однел до нејзиниот дом.
Жената го пријавила инцидентот и во такси-компанијата каде што возачот бил вработен, по што тој бил отпуштен од работа.
Од МВР велат дека се преземаат мерки за целосно расчистување на случајот.
Црна хроника
Сведок почина во граѓанскиот суд во Скопје

Вчера во полицијата било пријавено дека во Основниот граѓански суд Скопје починал З.Д., кој бил сведок на судење.
Лекар од Итната медицинска помош констатирал смрт, а по наредба на јавен обвинител, телото на починатиот е дадено на обдукција, соопшти МВР во дневниот полициски билтен.
Црна хроника
Пациент во Тетово нападнал лекар и полицаец во болница

Полицијата од Тетово вчера попладне го приведе М.М. (28) од селото Челопек, по пријава дека во Клиничката болница во Тетово агресивно се однесувал кон медицинскиот персонал и физички го нападнал Л.А. (31) од село Желино, лекар кој се обидувал да му укаже лекарска помош.
Според МВР, по пристигнувањето на полицијата, осомничениот продолжил со агресивното однесување и нападнал и еден од полициските службеници.
М.М. е задржан во полициска станица, а по целосно документирање на случајот против него ќе биде поднесена соодветна пријава.