Црна хроника
Три жртви во пукање во Швајцарија
Три лица се убиени во понеделникот во пукање во близина на железничка станица во швајцарскиот град Вилдерсвил во кантонот Берн, соопшти швајцарската полиција.
Три лица се убиени во понеделникот во пукање во близина на железничка станица во швајцарскиот град Вилдерсвил во кантонот Берн, соопшти швајцарската полиција.
Трите безживотни тела биле пронајдени од страна на полицијата на паркингот во близина на железничката станица. Засега претставниците на властите и на полицијата се воздружуваат од давање какви и да се информации во врска со инцидентот.
Според локалните медиуми, истражителите покрај местото на кое се пронајдени убиените ја пребаруваат и терасата на хотел кој се наоѓа на околу 200 метри од паркингот, кој е блокиран од припадници на безбедносните сили.
Порталот 20 minutes повикувајќи се на локални жители, пишува дека најверојатно станува збор за семејна кавга. Мажот ја застрелал сопругата, потоа детето и на крајот самиот си го одзел животот. Додале дека истрелите се слушнале околу 7 и 7.30 часот утрото по локално време./крај/мф/сн
Извор: 20 minutes
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Црна хроника
Три жени пријавиле семејно насилство за 12 часа – приведени осомничени во Кисела Вода, Центар и Чаир
Во текот на изминатото деноноќие, во три одделни случаи на семејно насилство, три жени пријавиле дека биле физички нападнати од нивните партнери на подрачјата на Кисела Вода, Центар и Чаир.
Во првиот случај, пријавен на 12 февруари во 17:50 часот, полициски службеници од СВР Скопје извршиле службен разговор со П.Л. (45) од Скопје, откако било пријавено дека во неговиот дом ја нападнал својата 48-годишна вонбрачна партнерка. Случајот се документира и ќе следува соодветна пријава.
Во вториот случај, на истиот ден во 22:00 часот, на подрачјето на Центар, полицијата го привела Н.Ј. (52) од Скопје, поради сомнение дека околу 17:00 часот физички ја нападнал својата 32-годишна партнерка. По комплетирање на доказите ќе биде поднесена пријава.
Во трет случај, на 13 февруари во 04:40 часот, 35-годишна жена пријавила дека околу 01:40 часот, на подрачјето на Чаир, била физички нападната од нејзиниот партнер Б.С. (24) од Скопје. И за овој настан ќе биде поднесена соодветна пријава по целосна документација.
Од МВР информираат дека сите случаи се обработуваат.
Црна хроника
Пронајдени коски и парче облека во Скопје, полицијата истражува
На локација викана „Сулејманови ливади“ во село Горно Количани, скопско, биле пронајдени коски слични на човечки, а во близина и парче облека.
Случајот бил пријавен во СВР Скопје во текот на вчерашниот ден, по што на местото излегла увидна екипа која извршила преглед.
Од МВР информираат дека се преземаат мерки за целосно расчистување на настанот.
Црна хроника
Пешак тешко повреден на Орце Николов, возило удри во 56-годишна жена
На улицата „Орце Николов“ во Скопје, 56-годишната Д.Д. од Скопје била тешко повредена откако во неа удрило патничко возило „опел“ со скопски регистарски ознаки, управувано од Д.Ѓ. (46) од Скопје.
Несреќата се случила околу 13:00 часот, а повредите на жената биле констатирани во Градската општа болница „Св. Наум Охридски“.
На местото на настанот извршен е увид од екипа на СВР Скопје.

