Црна хроника
Триесет дена притвор за четворицата нарко-дилери фатени со 100 кг марихуана
Триесет дена притвор добија четврицарта нарко-дилери кај кои беше пронајдена 100 килограми дрога марихуана, и тоа двајца се Македонци, еден Албанец и еден од Косово.
Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција донесе Наредба за спроведување на истражна постапка против четири лица за сторено кривично дело Неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни супстанции и прекурсори. Двајца од осомничените се македонски државјани, еден е државјанин на Албанија и еден е од Косово.
Кај осомничените лица се пронајдени над 100 килограми наркотична дрога марихуана, наменета за турскиот нарко пазар.
Надлежниот јавен обвинител до судија на претходна постапка од Основниот суд Скопје 1
Скопје достави Предлог за определување на мерката притвор за четирите лица. Предлогот со Решение на судот е прифатен и е изречен притвор од триесет дена за секој од осомничените.
Истрагата за стореното дело продолжува со преземање на дејствија од страна на Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција./крај/со/бб
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Црна хроника
Маж од Прилеп се соблекол пред малолетни девојчиња и ги вознемирувал
Вчера во 16 часот полициски службеници од ОВР Прилеп во Прилеп го лишиле од слобода Т.Д.(49) од Прилеп, по пријава од 45-годишен маж од Прилеп дека Т.Д. се соблекол пред малолетни девојчиња и ги вознемирувал.
По документирање на случајот ќе биде поднесена соодветна пријава.
Црна хроника
Осуденици се тепале во затворот во Идризово
Денеска во 00.56 часот во СВР Скопје од Казнено поправната установа Идризово било пријавено дека во саботата околу 20.30 часот во установата Б.Ќ.(31) од Тетово бил физички нападнат од М.К.(29) од Куманово и А.Л.(24) од Скопје и уште неколку други лица, сите осуденици од установата.
Се преземаат мерки за расчистување на случајот.
Црна хроника
Таксист возел туристи, па сам од нивниот паричник си зел 1.700 денари за услугата
Вчера во 21.00 часот во СВР Скопје, Ј.К.(37) од Австралија пријавил дека околу 19.40 часот во Скопје, тој и неговата сопруга влегле во такси возило, кое ги однело од трговски центар во Скопје до крстосницата помеѓу бул.„Кузман Јосифовски Питу“ и ул.„Беласица“. За превозот на такси возачот му платиле 200 денари за еден километар.
Но, возачот им кажал дека не е доволно и од паричникот на оштетениот сам одзел околу 1.700 денари, а потоа им рекол да го напуштат возилото. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.