Црна хроника
Триесетдневен притвор за сведокот во случајот Ореше
Мерка притвор во траење од еден месец одредена му е во понеделникот на заштитениот сведок „Бреза“, клучен во случајот „Ореше“. Ваква одлука донесе велешкиот суд по барање на Основното Јавно обвинителство.
На тој начин ќе се обезбеди негово присуство на главниот претрес во кој тој е обвинет за давање на лажен исказ, јави порталот Лисица.
„Денеска беше закажана главната расправа по предметот во кој е обвинет Златко Арсовски. Истиот не се јави на расправата, па од страна на јавниот обвинител беше даде предлог за да биде изречена мерка притор заради судење спрема истиот. Судот го прифати предлогот кој е за 30 дена откако ќе биде лишен од слобода“, рече Габриела Гајдова, портпарол на Основен суд – Велес
Тој денеска се појавил во судот, но два часа пред закажаното рочиште. Откако на тоа му укажал командирот на судската полиција заминал и повеќе не се вратил.
Инаку Златко Арсовски пред судот одговара за давање лажна изјава. Откако тој го промени исказот, случајот Ореше доби пресвртница. На обинителна клупа завршија судијата и обвинителот кој го водеа предметот како и неколкумина адвокати. Сите заработија и затворски казни. /крај/
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Црна хроника
Комбе удри пешак во Скопје, со тешки повреди е пренесен во болница
Вчера околу 14:30 часот во СВР Скопје е пријавено дека на бул.„Борис Трајковски“ во Скопје, товарно возило „фолксваген кеди“ со скопски регистарски ознаки, управувано од Д.Т.(21) од Скопје, удрило во пешакот З.С.(56) од Скопје.
Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил пешакот, констатирани во Градската општа болница „Св.Наум Охридски“. Извршен е увид од увидна екипа од СВР Скопје.
Црна хроника
Старица паднала од автобус, па била прегазена
Вчера околу 12:40 часот во СВР Скопје е пријавено дека на ул.„Св. Кирил и Методиј“ во Скопје, автобус „мерцедес“, управуван од В.А.(56) од Скопје, ја прегазил преку нога 72-годишната А.Б. од Скопје, откако претходно паднала од автобусот.
Во несреќата со тешки телесни повреди се здобила А.Б., констатирани во Комплексот клиники „Мајка Тереза“.
Извршен е увид од увидна екипа од СВР Скопје.
Топ
Во Белград уапсен Саит Саитов, кој прегази жена во Капиштец и избега
Министерството за внатрешни работи извести дека вчера биле информирани од надлежните служви во Србија дека во Белград е лишен од слобода Саит Саитов од Скопје, кој се бара со меѓународна потерница, распишана од македонското МВР, под сомнение за извршени тешки кривични дела „против безбедноста на луѓето и имотот во сообраќајот“ и „неукажување на помош на лице повредено во сообраќајна незгода“, за кривично-правен настан кој се случи во Скопје на 09.01.2026.
На Саитов му е одреден екстрадициски притвор и следува постапка помеѓу министерствата за правда на двете држави, со цел негово екстрадирање во Македонија и изведување пред лицето на правдата и негово соодветно санкционирање.

