Црна хроника
Тригодишно девојче и момче од Прилеп загинаа на Плетвар
Тригодишно девојче од Скопје и дваесет и тригодишен прилепчанец загинаа, а една жена е повредена во сообраќајната несреќа што се случи во неделата вечерта на Плетвар, кај ресторанот „Че“, на патот Градско – Прилеп.
Според официјални информации од Министерството за внатрешни работи, во сообраќајната несреќа учествувале три возила, автомобил „шаран“ со скопски регистерски ознаки, комбе „пежо експерт“ со бугарски регистерски ознаки и камион „МАН“ со битолски регистерски ознаки.Се уште нема официјални информации како се случила сообраќајката, а според неофицијални информации најверојатно се случила кога едно од возилата го претекнувало камионот. Тригодишното девојче кое било сопатничка во автомобилот „шаран“ и возачот на комбето, дваесет и тригодишниот Горан Ц. од Прилеп загинале на лице место, а уште една жена, за која се уште нема информации колку години има и во кое возило се наоѓала, е повредена и пренесена во прилепската болница.Патниот правец Градско -Прилеп синоќа беше привремено затворен за сообраќај поради несреќата. /крај/мф/ффс
Извор: (фото архива)
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Црна хроника
Нападнат ученик од основно училиште во Свети Николе

Полицијата поднесе известување против малолетник од Свети Николе поради постоење насилство врз дете.
Како што соопшти МВР, на 4 јуни во основно училиште во светиниколско село, пријавениот физички нападнал ученик од истото училиште и му нанел телесни повреди.
Црна хроника
Женa во Кисела Вода чистела стара куќа и нашла лименки со натпис „топовски удар“, имало и фитили

Во Скопје, на подрачјето на Кисела Вода, 65-годишна жена при чистење на напуштена куќа што припаѓа на нејзините родители пронашла две лименки завиткани со селотејп. На лименките имало натпис „топовски удар“ и биле поставени фитили.
Жената случајот го пријавила во полицијата на 15 октомври. По пријавата, на местото излегле полициски службеници кои ги подигнале предметите за понатамошна постапка.
Според МВР, се преземаат мерки за расчистување на случајот.
Црна хроника
Пензионер од Струмица пукал со воздушна пушка кон бензинска пумпа

Полицијата од Струмица поднесе кривична пријава против П.Ж.(71) од овој град поради предизвикување општа опасност.
„На 12.10.2025 околу 16:00 часот, пријавениот со воздушна пушка пукал во правец на бензинска пумпа, каде што биле складирани боци со плин“, соопшти МВР во дневниот полициски билтен.