Црна хроника
Тројца починаа во различни несреќи
Младо момче од тетовско се удави во Струга, млад кичевчанец починал откако му се слошило, а еден пешак од Кавадарци почина откако го удри автомобил.
Младо момче од тетовско се удави во Струга, млад кичевчанец починал откако му се слошило, а еден пешак од Кавадарци почина откако го удри автомобил.
Како што соопшти полицијата, во средата во 15.30 часот од водите на Охридско Езеро кај месноста Трски, меѓу ткн Машка и Женска плажа, изваден е давеник И.С. (24) од село Камењане, тетовско, кој по укажаната лекарска помош во Медицинскиот центар Струга е пренесен во Клинички центар Скопје на КАРИЛ, каде во 20.15 часот починал. По наредба на Јавен обвинител телото на починатиот е предадено на семејството за погреб.
Во четвртокот, во 00.05 часот во Медицинскиот центар Кичево со влошена здраствена состојба бил донесен С.К. (27) од Кичево, каде по укажаната лекарска помош истиот починал. Полициски службеници извршиле разговор со лицата кои го донеле и констатирано е дека С.К додека бил во угостителски објект му се слошило, по што од страна на присутните и вработените бил однесен во Медицинскиот центар Кичево. По наредба на Јавен обвинител телото на починатиот ќе биде предадено за обдукција.
Во средата, во периодот од 2.30 до 5 часот на регионалниот пат Кавадарци – село Возарци, се случила сообраќајна незгода во која Х.А (26) од село Возарци, управувајќи автомобил марка „ауди А3“ со кавадаречки регистарски ознаки, удрил во пешакот Г.К. (56) од Кавадарци, кој починал на местотот на настанот. Увид на самото место извршиле Јавен обвинител и екипа од ПС-Кавадарци. По наредба на Јавен обвинител телото на починатиот е дадено за обдукција./крај/мф/бб
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Црна хроника
Малолетничка најдена онесвестена во Карпош, пренесена е на Клинички
Шеснаесетгодишна малолетничка била пронајдена во безсознание вчера околу 14:00 часот на подрачјето на Карпош, информираат од СВР Скопје.
Според пријавата, девојчето итно било пренесено во Комплексот клиники „Мајка Тереза“ за укажување на лекарска помош. При интервенцијата, кај неа биле пронајдени мало шише со бела прашкаста материја и бела грутчеста материја.
Со малолетничката бил и П.С. (18) од Скопје.
Од полицијата соопштуваат дека се преземаат мерки за целосно расчистување и документирање на случајот.
Црна хроника
Залутан куршум заврши во куќа во Долно Лисиче
Вчера во СВР Скопје, Д.А. од село Долно Лисиче, скопско, пријавил дека, додека седел во дворот од куќата, слушнал истрел, а потоа пронашол заталкано зрно од огнено оружје, кое му го оштетило стаклото од балконот.
Извршен бил увид од увидна екипа од СВР Скопје, а зрното било подигнато за понатамошна постапка.
Црна хроника
Измама со крипто валути, кумановец останал без 43.750 евра
Вчера во СВР Велес, 48-годишен кумановец пријавил дека бил измамен за сума од 43.750 евра.
Според пријавеното, тој на социјална мрежа објавил оглас за откупување на крипто валута, а подоцна преку друга социјална мрежа контактирал со лице со кое се договориле во крипто менувачница во Велес да ги уплати парите, а за возврат да му се исплатат крипто средства.
Пријавителот ги предал парите на лице вработено во менувачницата во Велес и му било кажано дека истите се испратени на наведената адреса, но тој на својата адреса не ги примил крипто средствата, а лицето со кое контактирал го избришало разговорот од социјалната мрежа и ги блокирал неговиот број и бројот на менувачницата, по што сфатил дека бил измамен.
Известен бил јавен обвинител и се преземаат мерки за целосно расчистување на настанот.
фото/Depositphotos

