Црна хроника
Тројца повредени во пожар во тетовско

– (архивска фотографија)
Три лица се повредени, од кои едно потешко откако во обид да отвори плинска боца, 69-годишен маж од тетовското село Долно Палчиште предизвикал пожар, соопшти во неделата СВР Тетово.
Три лица се повредени, од кои едно потешко откако во обид да отвори плинска боца, 69-годишен маж од тетовското село Долно Палчиште предизвикал пожар, соопшти во неделата СВР Тетово.
Инцидентот се случил саботата во раните попладневни часови, кога возрасниот маж се обидел да отвори вентил од плинска боца, којашто паднала на подот и почнала да испушта поголемо количество, по што настанал пожар кој се проширил по целата просторија.
Од пожарот целосно била опожарена плевната како и автомобил „ауди“, кој бил паркирано во непосредна близина.
Со телесни повреди се здобиле три лица кои се пренесени во Кличничкиот центар Тетово за укажување на лекарска помош, додека лицето кое ја предизвикало несреќата, се здобило со посериозни изгореници и е задржано на натамошно лекување. /крај/мф/сн
Извор: Макфакс
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Топ
Татко ги допирал по телата неговите 16-годишни ќерки во Кавадарци

ОВР Кавадарци поднесе кривична пријава против Д.Г.(40) од Кавадарци.
Тој, како што соопшти полицијата, се сомничи за сторено кривично дело „загрозување на сигурноста и „полов напад и силување”.
Пријавениот физички ги нападнал неговите две 16-годишни ќерки и ги допирал по телата.
Црна хроника
Приведени двајца скопјани, криумчареле мигрант од Турција

Вчера во 22:50 часот на Регионален пат Демир Капија-Неготино, полициски службеници од Полициската станица за граничен надзор Михајлово ги лишија од слобода А.В.(47) и А.Б.(54), двајцата од Скопје.
При контрола на патничко возило „фолксваген поло“ со скопски регистарски ознаки, управувано од лицето А.В., а сопатник бил А.Б., затекнат е Б.У.(22), илегален мигрант од Турција.
Возилото е одземено, а по наредба на јавен обвинител мигрантот е сместен во Прифатен центар за странци во Скопје. Лицата се задржани во полициска станица и по целосно документирање нас лучајот, против нив ќе биде поднесена соодветна пријава.
Топ
Две Италијанки уапсени на Табановце, кај нив се пронајдени семки од канабис, ЛСД, кесичка со суви печурки

Вчера во 20:20 часот на Граничен премин Табановце, на влез во државата, полициски службеници ги лишија од слобода 33-годишните Џ.П. и Б.М.Р., двете од Италија.
При гранични проверки и контрола во возилото „рено“ со италијански национални ознаки, кое го управувала Џ.П., а сопатник била Б.М.Р., во личниот багаж на Џ.П. пронајдени се 186 семки од растението канабис, хемиска материја ЛСД, тврда кафеава материја и кесичка со суви печурки. Додека, во багажот на Б.М.Р. е пронајдена марихуана.
Тие се задржани во полициска станица и по целосно документирање на случајот, против нив ќе биде поднесена соодветна пријава.