Црна хроника
Тројца загинати и 15 повредени во несреќа на училишен автобус во САД
Три лица загинеле во американската сојузна држава Оклахома во судир на училишен автобус кој ги превезувал членовите на школскиот тим во софтбол а повеќе од 15 се повредени, пренесува во саботата телевизиската мрежа NBC.
Инцидентот се случил во близина на градот Ардмор во јужниот дел од државата Оклахома, во петокот доцна вечерта. Автобусот, според сообраќајната патрола, припаѓал на Северниот Централен Колеџ Тексас од Гаинсвил. Според телевизијата, на местото на несреќата биле испратени и неколку медицински хеликоптери. Според интернет страницата на колеџот, софтбол тимот требало да игра во Јужниот Назаренски Универзитет во Бетани. во Оклахома. На списокот има 20 имиња на членките на екипата која се враќала од натпревар, кои според возраста се бруцоши или од втората година и речиси сите се од Тексас, пренесува телевизијата која не дава повеќе информации.„Да се молиме за нашиот тим по софтбол. Нивниот автобус имаше несреќа во државата Оклахома“, се наведува на профилот на колеџот на Facebook./крај/мф/сн
Извор: NBC News
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Црна хроника
Три жени пријавиле семејно насилство за 12 часа – приведени осомничени во Кисела Вода, Центар и Чаир
Во текот на изминатото деноноќие, во три одделни случаи на семејно насилство, три жени пријавиле дека биле физички нападнати од нивните партнери на подрачјата на Кисела Вода, Центар и Чаир.
Во првиот случај, пријавен на 12 февруари во 17:50 часот, полициски службеници од СВР Скопје извршиле службен разговор со П.Л. (45) од Скопје, откако било пријавено дека во неговиот дом ја нападнал својата 48-годишна вонбрачна партнерка. Случајот се документира и ќе следува соодветна пријава.
Во вториот случај, на истиот ден во 22:00 часот, на подрачјето на Центар, полицијата го привела Н.Ј. (52) од Скопје, поради сомнение дека околу 17:00 часот физички ја нападнал својата 32-годишна партнерка. По комплетирање на доказите ќе биде поднесена пријава.
Во трет случај, на 13 февруари во 04:40 часот, 35-годишна жена пријавила дека околу 01:40 часот, на подрачјето на Чаир, била физички нападната од нејзиниот партнер Б.С. (24) од Скопје. И за овој настан ќе биде поднесена соодветна пријава по целосна документација.
Од МВР информираат дека сите случаи се обработуваат.
Црна хроника
Пронајдени коски и парче облека во Скопје, полицијата истражува
На локација викана „Сулејманови ливади“ во село Горно Количани, скопско, биле пронајдени коски слични на човечки, а во близина и парче облека.
Случајот бил пријавен во СВР Скопје во текот на вчерашниот ден, по што на местото излегла увидна екипа која извршила преглед.
Од МВР информираат дека се преземаат мерки за целосно расчистување на настанот.
Црна хроника
Пешак тешко повреден на Орце Николов, возило удри во 56-годишна жена
На улицата „Орце Николов“ во Скопје, 56-годишната Д.Д. од Скопје била тешко повредена откако во неа удрило патничко возило „опел“ со скопски регистарски ознаки, управувано од Д.Ѓ. (46) од Скопје.
Несреќата се случила околу 13:00 часот, а повредите на жената биле констатирани во Градската општа болница „Св. Наум Охридски“.
На местото на настанот извршен е увид од екипа на СВР Скопје.

