Црна хроника
Турчин обвинет за давање поткуп на полицајци
Турски државјанин е обвинет за давање поткуп откуп на македонски полицајци, откако во неделата бил фатен со фалсификувани бугарски лични документи.
Турски државјанин е обвинет за давање поткуп откуп на македонски полицајци, откако во неделата бил фатен со фалсификувани бугарски лични документи.
Министерството за внатрешни работи извести во понеделникот дека од страна на Регионалниот центар Југ е поднесена кривична пријава за 40-годишниот државјанин на Република Турција, идентификуван со иницијалите О.Е, кој е осомничен за сторено кривично дело „давање поткуп“ за што од судот му е одредена мерка притвор во траење од осум дена. Според полициската евиденција, споменатиот во неделата по 4 часот утрото на Автопатот Е 75 на релација Гевгелија – Скопје го запрел автомобилот „мерцедес“ со полски регистарски ознаки. при што бил контролиран од страна на полициски службеници од Мобилна единица за спречување на прекуграничен криминал. При прегледот му биле пронајдени фалсификувани бугарска лична карта и возачка дозвола со фотографија на пријавениот, а издадени на друго име. Пријавениот на полицискиот службеник му дал 1.000 евра да не постапува службено, односно да не го приведе во и да му овозможи да продолжи кон Скопје./крај/мф/сн
Извор: Макфакс
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Црна хроника
Стржанец објавувал експлицитна содржина од малолетничка
Полицијата во Тетово поднесе кривична пријава против А.А.(41) од Струга, поради постоење основи на сомнение за сторени кривични дела „злоупотреба на лични податоци“ и „производство и дистрибуција на детска порнографија“.
Пријавениот, на социјална мрежа, објавил фотографии и видео снимки со експлицитна содржина од женско лице, кое во тоа време било малолетно.
Црна хроника
Жена од Гевгелија измамила Грк дека е од Царина и му зела 2.000 евра
Полицијата поднесе кривична пријава против М.Ј.(46) од Гевгелија, поради измама.
„Пријавената, на 13 септември на царинскиот терминал на Граничниот премин „Богородица“, го довела во заблуда грчкиот државјанин К.Г.К., на начин што лажно се претставила дека е застапник во царински постапки и лажно му прикажала факти дека сторил тежок царински прекршок, поради што ќе биде задржан на македонско-грчката граница од страна на царинските власти и му побарала 2.000 евра, за да му помогне, на што се согласил“, објави МВР во дневниот билтен.
Црна хроника
Демолиран изборен штаб во Конче
Г.Г.(45) од село Дедино, општина Конче, пријавил во полицијата дека ноќта помеѓу 24 и 25.04.2024 во времето од 22.00 до 06.00 часот било скршено стакло на објект во село Дедино, кој се користел како штаб на кандидат за претседател на државата.
Увид на местото извршила екипа на ОВР Радовиш и се преземаат мерки за расчистување на случајот.