Црна хроника
Уапсен бомбаш за напад врз екс државна обвинителка во Словенија
Словенечката полиција соопшти во понеделникот дека успеала да го реши случајот на напад врз поранешната државна обвинителка, на која минатата седмица во дворот од семејната куќа во главниот град Љубљана и’ беше фрлена бомба.
Словенечката полиција соопшти во понеделникот дека успеала да го реши случајот на напад врз поранешната државна обвинителка, на која минатата седмица во дворот од семејната куќа во главниот град Љубљана и’ беше фрлена бомба.
Полицијата објави дека бомбата ја фрлил нејзин сосед, 27-годишен маж, кој неколку дена претходно се вратил од издржување на затворска казна, па му е одреден притвор. Тој засега се товари за предизвикување општа опасност и обид за убиство.
Бомбата експлодираше во дворот на пензионираната обвинителка Јожица Бољте Брус, а предизвикала материјална штета на оградата и на паркираниот автомобил. Поранешната обвинителка, која во својата кариера се занимавала со случаи на организиран криминал и други тешки кривични дела, се сомнева дека нападот е инициран од нејзината професија, но полицијата засега не ги открива мотивите за нападот.
Полицијата, исто така, не го открила идентитетот на виновникот за нападот со бомба врз куќата на окружната судијка од местото Радовљица, Катарина Турк Лукан, која се одигра в 2009 година, од кога и’ е одредена полициска заштита./крај/мф/сн
Извор: Delo
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Црна хроника
Три жени пријавиле семејно насилство за 12 часа – приведени осомничени во Кисела Вода, Центар и Чаир
Во текот на изминатото деноноќие, во три одделни случаи на семејно насилство, три жени пријавиле дека биле физички нападнати од нивните партнери на подрачјата на Кисела Вода, Центар и Чаир.
Во првиот случај, пријавен на 12 февруари во 17:50 часот, полициски службеници од СВР Скопје извршиле службен разговор со П.Л. (45) од Скопје, откако било пријавено дека во неговиот дом ја нападнал својата 48-годишна вонбрачна партнерка. Случајот се документира и ќе следува соодветна пријава.
Во вториот случај, на истиот ден во 22:00 часот, на подрачјето на Центар, полицијата го привела Н.Ј. (52) од Скопје, поради сомнение дека околу 17:00 часот физички ја нападнал својата 32-годишна партнерка. По комплетирање на доказите ќе биде поднесена пријава.
Во трет случај, на 13 февруари во 04:40 часот, 35-годишна жена пријавила дека околу 01:40 часот, на подрачјето на Чаир, била физички нападната од нејзиниот партнер Б.С. (24) од Скопје. И за овој настан ќе биде поднесена соодветна пријава по целосна документација.
Од МВР информираат дека сите случаи се обработуваат.
Црна хроника
Пронајдени коски и парче облека во Скопје, полицијата истражува
На локација викана „Сулејманови ливади“ во село Горно Количани, скопско, биле пронајдени коски слични на човечки, а во близина и парче облека.
Случајот бил пријавен во СВР Скопје во текот на вчерашниот ден, по што на местото излегла увидна екипа која извршила преглед.
Од МВР информираат дека се преземаат мерки за целосно расчистување на настанот.
Црна хроника
Пешак тешко повреден на Орце Николов, возило удри во 56-годишна жена
На улицата „Орце Николов“ во Скопје, 56-годишната Д.Д. од Скопје била тешко повредена откако во неа удрило патничко возило „опел“ со скопски регистарски ознаки, управувано од Д.Ѓ. (46) од Скопје.
Несреќата се случила околу 13:00 часот, а повредите на жената биле констатирани во Градската општа болница „Св. Наум Охридски“.
На местото на настанот извршен е увид од екипа на СВР Скопје.

