Црна хроника
Уапсен кондовец осомничен за тероризам

Уапсен е педесет и тригодишен кондовец осомничен за насилство, тероризам и други кривични дела.
Според неофицијални информации објавени во медиумите, уапсениот бил дел од групата на кондовецто Агим Красниќи.
Кондовецот во крим евиденцијата на МВР се јавува како сторител на кривичните дела здружување заради непријателска дејност,подготвување на терористичко загрозување, злосторничко здружување, предизвикување општа опасност,тешки дела против општата сигурност, недозволена трговија со дрогаза што од страна на судот му биле изречени и затворски казни. /крај/мф
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Црна хроника
Маж од Богданци ја истепал сопругата, со која се во бракоразводна постапка, во кафеана

Вчера во 23:15 часот во Полициската канцеларија Богданци, 35-годишна жена од Богданци пријави дека околу 21:40 часот во угостителски објект во Богданци била физички нападната од нејзиниот сопруг К.Т.(43) од Богданци, со кого се во бракоразводна постапка.
За настанот е известен јавен обвинител и се преземаат мерки за расчистување на случајот.
Црна хроника
Опожарен трансформатор на ЕВН, нема повредени лица

Вчера во 21:50 часот во СВР Штип е пријавено дека во село Криви Дол, штипско, настанал пожар на трансформатор, во сопственост на ЕВН Македонија.
Повредени лица нема. Екипа од Територијалната противпожарна единица Штип го изгасиле пожарот.
Црна хроника
Исчезна 13-годишник од Јавна установа за згрижување деца

Денеска во 00.40 часот во Полициската станица Карпош, од Јавна установа за згрижување на деца е пријавено дека од установата се оддалечил нивниот штитеник А.Х.(13), кој и претходно се оддалечувал и бил враќан назад.
Се преземаат мерки за пронаоѓање на лицето.