Црна хроника
Уапсен малолетник од Скопје сторител на десетици кражби и еден полов напад
Полицијата уапси шеснаесетгодишник од Скопје кој за осум месеци извршил 22 кривични дела, меѓу кои 16 тешки кражби и еден полов напад врз дете кое не наполнило 14 години, соопшти Министерството за внатрешни работи.
Малолетникот А.М. во временскиот период од јануари до август годинава, на подрачјето на Скопје, извршил вкупно 15 кривични дела „тешка кражба“, од кои четири во обид. Од извршените 11 тешки кражби, по две се од куќа, канцеларии на фирми и приватно училиште САБА, а по една во книжарница, кафе-бар, салон за мебел, туристичка агенција и фризерски салон, додека четирите обиди за тешка кражба се извршени во возило, канцеларија, бутик за венчаници и дискотека.
Според информациите на МВР, тешките кражби ги извршувал на тој начин што со употреба на погоден предмет и физичка сила делувал во пределот на крилото и рамката на влезната врата, влегувал во просториите, вршел претурање и пребарување по што одземал претежно техничка стока (телевизори, компјутери, УСБ стикови и сл).
Четири, од вкупно пет кривични дела „одземање моторно возило“, А.М. ги извршил на подрачје на град Скопје, а една на подрачје на Штип, при што одзел „Југо Корал“, „Југо Застава“, „Рено 5“, „Сузуки Марути“ и „Ровер“. Кражбите ги вршел на тој начин што со погоден клуч-калауз ги отварал возачките врати и во два случаи возилата го стартувал со заборавен контакт клуч во бравата од возилото, во исто толку случаи го стартувал со тастер и во еден случај со клуч-калауз, по што откако ќе го ставел во движење се возел низ подрачјето на град Скопје сè додека не бил забележани од страна на припадници на специјалната единица „Алфа“ или сè додека имало гориво во возилото.
Кривичното дело „Полов напад врз малолетник кој не наполнил 14 години“ го извршил над малолетничка со која бил во љубовна врска и живееле заедно во напуштени куќи на подрачјето на Скопје и Штип.
А.М. е сторител и на кривично дело „прикривање“ што го извршил во мај годинав ана тој начин што откако ги затекнал неговите пријатели како управуваат моторно возило кое не било во нивна сопственост, истиот од нив го одзел и по кратко возење го оставил на локалниот пат за село Визбегово.
Одделението за малолетничка деликвенција и семејно насилство при СВР Скопје поднесе 11 кривични пријави против А.М.(16) поради постоење основано сомнение дека сторил вкупно 22 кривични дела и тоа: единаесет кривични дела “тешка кражба“, пет кривични дела “одземање моторно возило“,четири кривични дела “тешка кражба во обид“ и по едно кривично дело “полов напад врз дете кое не наполнило 14 години“и “прикривање“. Судија му одреди мерка притвор во траење од 30 денови.
Малолетникот А.М. е познат сторител на кривични дела и против истиот до сега, покрај горенаведените кривични пријави, се поднесени уште 16 кривични пријави заради постоење основано сомневање дека е сторител на други имотни деликти, соопшти МВР.крај/мф/сд
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Црна хроника
Комбе удри пешак во Скопје, со тешки повреди е пренесен во болница
Вчера околу 14:30 часот во СВР Скопје е пријавено дека на бул.„Борис Трајковски“ во Скопје, товарно возило „фолксваген кеди“ со скопски регистарски ознаки, управувано од Д.Т.(21) од Скопје, удрило во пешакот З.С.(56) од Скопје.
Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил пешакот, констатирани во Градската општа болница „Св.Наум Охридски“. Извршен е увид од увидна екипа од СВР Скопје.
Црна хроника
Старица паднала од автобус, па била прегазена
Вчера околу 12:40 часот во СВР Скопје е пријавено дека на ул.„Св. Кирил и Методиј“ во Скопје, автобус „мерцедес“, управуван од В.А.(56) од Скопје, ја прегазил преку нога 72-годишната А.Б. од Скопје, откако претходно паднала од автобусот.
Во несреќата со тешки телесни повреди се здобила А.Б., констатирани во Комплексот клиники „Мајка Тереза“.
Извршен е увид од увидна екипа од СВР Скопје.
Топ
Во Белград уапсен Саит Саитов, кој прегази жена во Капиштец и избега
Министерството за внатрешни работи извести дека вчера биле информирани од надлежните служви во Србија дека во Белград е лишен од слобода Саит Саитов од Скопје, кој се бара со меѓународна потерница, распишана од македонското МВР, под сомнение за извршени тешки кривични дела „против безбедноста на луѓето и имотот во сообраќајот“ и „неукажување на помош на лице повредено во сообраќајна незгода“, за кривично-правен настан кој се случи во Скопје на 09.01.2026.
На Саитов му е одреден екстрадициски притвор и следува постапка помеѓу министерствата за правда на двете држави, со цел негово екстрадирање во Македонија и изведување пред лицето на правдата и негово соодветно санкционирање.

