Црна хроника
Уапсен сопственикот на скопската градежна фирма „Дора“
Сопственикот на скопската градежна фирма „Дора“ и неговиот сметководител се уапсени под сомнение за сторен финансиски криминал „тежок“ 430.000 евра, соопшти во четврток Управата за финансиска полиција.
Сопственикот и управител на градежната фирма „Дора“, шеесет и петгодишниот С.Д од Скопје со помош на неговиот сметководител и управител на Друштвото за интелектуални услуги „Дата-ком“ З.С(55) во периодот од 2009 до 2014 година прикажале невистинити податоци во сметководствената евиденција, при што евидентирале фиктивни податоци за наводни набавки на стоки и услуги со вклучен ДДВ и со тоа неосновано е намалена обврската за данок во вкупен износ од 7.299.201 денари, соопшти Управата за финансиска полиција.
По налог на директорот на фирмата, сметководителот евидентирал непостоечки фактури од непостоечкиот и измислен коминтент „Стојан комерц“ за кој по извршените проверки било утврдено дека воопшто не постои во Република Македонија.
„С.Д. и З.С. во сметководствената евиденција прикажале наводно извршена набавка на трговска стока во вкупен износ 32.990.509 денари (набавна вредност без ДДВ), за дел од наводните фактури на конто 419 – останати услуги, прикажале наводно користење на услуги од непостоечкиот коминтент „Стојан комерц“ во вкупен износ од 5.691.720,00 денари без ДДВ кои никогаш не се платени и со тоа пријавените прикажале нереални расходи кои преставуваат непризнаени расходи и истие не ги прикажале во даночниот биланс за 2012 година и при тоа затаиле данок на добивка во вкупен износ од 569.172,00 денари“, стои во соопштението од финансиска полиција.
Скопскиот бизнисмен за да се стекне со уште поголема имотна корист, извршил и продажба на трговски стоки на разни купувачи за парични средства во готово кои ги присвоил за себе, без да изготви и достави документација во сметководствената евиденција и без притоа да пресмета и плати ДДВ во износ 9.680.790 денари и персонален данок на доход на износ 7.050.738 денари.
Од сметката на „Дора“ С.Д. подигнал и значителен износ на парични средства по основ на материјални трошоци кои средства ги користел за лични потреби, без да изготви и достави документација во сметководствената евиденција за нивната економска оправданост што е негова законска обврска. За да го прикрие неоснованото трошење на средствата на правното лице, директорот потпомогнат од сметководителот прикажале дека е извршено плаќање во готово кон измислениот коминтент „Стојан комерц“ при што не пресметале и не платиле персонален данок на доход во износ од 1. 881.783 денари.
Со наведените дејствија двете пријавени лица затаиле данок во вкупен износ од 26.481.690 денари, за кој износ го оштетиле Буџетот на Република Македонија.
Против нив е поднесена кривична пријава за сторени кривични дела „даночно затајување, „фалсификување или уништување на деловни книги“ и „помагање, а Основниот суд Скопје 1 им одреди мерка притвор во траење од 30 дена.
Сметководителот и од претходно и е познат на Финансиската полиција бидејќи во јануари годинава против него е поднесена уште една кривична пријава поради постоење на основано сомнение дека сторил кривично дело даночно затајување и фалсификување или уништување на деловни книги.крај/мф/сд
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Топ
Три жени пријавиле семејно насилство за 12 часа – приведени осомничени во Кисела Вода, Центар и Чаир
Во текот на изминатото деноноќие, во три одделни случаи на семејно насилство, три жени пријавиле дека биле физички нападнати од нивните партнери на подрачјата на Кисела Вода, Центар и Чаир.
Во првиот случај, пријавен на 12 февруари во 17:50 часот, полициски службеници од СВР Скопје извршиле службен разговор со П.Л. (45) од Скопје, откако било пријавено дека во неговиот дом ја нападнал својата 48-годишна вонбрачна партнерка. Случајот се документира и ќе следува соодветна пријава.
Во вториот случај, на истиот ден во 22:00 часот, на подрачјето на Центар, полицијата го привела Н.Ј. (52) од Скопје, поради сомнение дека околу 17:00 часот физички ја нападнал својата 32-годишна партнерка. По комплетирање на доказите ќе биде поднесена пријава.
Во трет случај, на 13 февруари во 04:40 часот, 35-годишна жена пријавила дека околу 01:40 часот, на подрачјето на Чаир, била физички нападната од нејзиниот партнер Б.С. (24) од Скопје. И за овој настан ќе биде поднесена соодветна пријава по целосна документација.
Од МВР информираат дека сите случаи се обработуваат.
Црна хроника
Пронајдени коски и парче облека во Скопје, полицијата истражува
На локација викана „Сулејманови ливади“ во село Горно Количани, скопско, биле пронајдени коски слични на човечки, а во близина и парче облека.
Случајот бил пријавен во СВР Скопје во текот на вчерашниот ден, по што на местото излегла увидна екипа која извршила преглед.
Од МВР информираат дека се преземаат мерки за целосно расчистување на настанот.
Црна хроника
Пешак тешко повреден на Орце Николов, возило удри во 56-годишна жена
На улицата „Орце Николов“ во Скопје, 56-годишната Д.Д. од Скопје била тешко повредена откако во неа удрило патничко возило „опел“ со скопски регистарски ознаки, управувано од Д.Ѓ. (46) од Скопје.
Несреќата се случила околу 13:00 часот, а повредите на жената биле констатирани во Градската општа болница „Св. Наум Охридски“.
На местото на настанот извршен е увид од екипа на СВР Скопје.

