Црна хроника
Уапсени 19 лица за катастарски малверзации од над 5 мил. евра
Вкупно 19 лица од кои девет актуелни и двајца поранешни вработени во Агенцијата за катастар на недвижности, еден сопственик на приватна геодетска фирма од Скопје и седум лица кои незаконски се стекнале со недвижен имот се уапсени од страна на Финансиската полиција.
Се товарат за „Злоупотреба на службената положба и овластување“ „Соизвршителство“, „Примање поткуп“, „Поднесување на лажни докази“ и „Помагање“. Оперативната обработка „Геодет“, Финансиската полиција ја отвори како резултат на официјалната пријава од Агенцијата за катастар на недвижности чиј што Сектор за внатрешна контрола при редовните контроли во Центарот за катастар на недвижности во Скопје детектирал поголем број на предмети кои од страна на службените лица не се постапени согласно Законот за катастар на недвижности и подзаконските акти донесени согласно овој закон.Финансиската полиција утврди дека главен организатор на криминалот е Т.Б(33) до скоро вработена како дипломиран правник во скопскиот катастар, а во шемата биле вклучени и шалтерски работници, поголем број на геодети и тројца раководители.Шемата била идентична кај речиси сите предмети и со мали исклучоци се одвивала на два начина. Првиот начин за криминално запишување права на недвижности бил преку поднесување на фиктивни пријави за запишување со фалсификувани документи или без никакви документи од страна на лицата на кои требало да им биде запишан определен имот на шалтер во скопскиот катастар кај однапред договорен шалтерски работник од каде потоа од страна на еден од осомничените раководители и бил доделуван на првоосомничената Т.Б. Вториот начин кој им бил полесен за спроведување и е почесто користен е начинот каде еден од осомничените раководители искористувајќи ја својата службена положба и овластување, отворал службен предмет за наводна исправка на некоја техничка грешка во катастарот на недвижности и потоа спротивно на процедурите за постапување во Агенцијата за катастар на недвижности, предметот наместо на геодет директно и го доделувал за работа на пријавената правничка Т.Б која крајно носела одлука што ќе биде запишано во катастарската евиденција.Ваквата криминална шема групата ја започнала од крајот на 2014 година и траела се до средината на 2015 година кога се и откриени.По наредба на судија на претходна постапка кај двајца од пријавените кои се обвинети за примање поткуп извршен е претрес во нивните домови при што кај првоосомничената се пронајдени дел од документи кои се однесуваат на криминално запишаните недвижности заради што овие докази ќе бидат приклучени кон кривичната пријава. Сите уапсени во текот на вторникот ќе бидат изведени пред судија на претходна постапка во Основниот суд Скопје 1-Скопје кој треба да одлучи дали пријавените ќе завршат во притвор или ќе се бранат од слобода./крај/мф/
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Црна хроника
Приведен 15-годишник во делчевско по пријава за обљуба врз малолетничка
На 28 февруари 2026 година во 14:30 часот во делчевско, полициски службеници од ОВР Делчево лишиле од слобода 15-годишник, постапувајќи по претходна пријава од 17-годишна малолетничка.
Според пријавата, откако претходно се договориле да се сретнат, тој извршил обљуба врз неа.
За настанот бил известен јавен обвинител, како и Центарот за социјална работа, а известен бил и родител на малолетникот. Надлежните институции преземаат мерки за целосно расчистување и документирање на случајот.
Црна хроника
Пронајдена граната од Првата светска војна во битолско село
На 28 февруари 2026 година во 09:40 часот во СВР Битола, П.С. од село Добромири, битолско, пријавил дека во дворното место пронашол стара граната.
По пријавата, на местото излегол пиротехничар од Дирекција за заштита и спасување, кој безбедно ја подигнал гранатата. При извршената проверка било утврдено дека станува збор за минофрлачка граната од 75 милиметри, која потекнува од Првата светска војна.
Надлежните апелираат до граѓаните доколку пронајдат сомнителни експлозивни направи веднаш да ги пријават во полиција и да не ги допираат.
Црна хроника
Тешко повреден 17-годишен мотоциклист во сообраќајка во Битола
На 28 февруари 2026 година во 14:42 часот во СВР Битола било пријавено дека на крстосницата меѓу улиците „Македонски Гемиџии“ и „Индустриска“ во Битола се случила сообраќајна несреќа меѓу товарно возило мерцедес со битолски регистарски ознаки и мотоцикл лонгиа, исто така со битолски ознаки.
Товарното возило го управувал З.В. (42) од Битола, додека мотоциклот го управувал 17-годишник од Битола.
Во несреќата мотоциклистот се здобил со тешки телесни повреди, констатирани во Клиничка болница Битола.
Увид на местото на настанот извршила увидна екипа на СВР Битола.

