Црна хроника
Уапсени струмички бизнисмен и вработена на бензинска пумпа
Финансиската полиција во изминатото деноноќие спроведе акција во реонот на Струмица во којашто уапсени се струмички бизнисмен , сопственик и управител на правниот субјект „Емви-Комерц“ од Струмица и вработена на една од бензинските станици на територијата на град Струмица.
Според податоците од предистражната постапка, двете осомничени лица подолг временски период, поточно од 2010 па до 2014 година вршеле добро организиран финансиски криминал со намера да се стекнат со противправна имотна корист на штета на Буџетот на Република Македонија.Струмичкиот бизнисмен е осомничен дека започнувајќи од 2010 па сѐ до 2014 година со намера да се стекне со имотна корист од големи размери се договорил со вработената на бензинска пумпа во Струмица, да изготвуваат документација со која „Емви-Комерц“ од Струмица нема да плаќа данок во Буџетот на Република Македонија.При извршениот увид во сметководството на „Емви-Комерц“ во Струмица, Финансиската полиција утврдила дека сопственикот на фирмата за пет години потрошил фантастични 1.524.000 евра во кеш за набавка на нафта иако паралелно вршел и набавка на нафта во помали количини на фактура од други бензински уимпи. Поради нелогичноста на потрошените количества нафта за неколкуте машини со кои располага фирмата, Финансиската полиција изврши контрола во сметководството на фирмата при што пронајде 1254 фискални сметки со прилог сметкопотврди за наводно извршена набавка на нафта за потребите на машините кои се во сопственост на „Емви-Комерц“ од Струмица. Поради сомнителноста на случајот, Финансиската полиција направи детална контрола и на бензинската пумпа на која наводно е купувана нафтата за потребите на фирмата на бизнисменот, при што е утврдено дека бензинската пумпа вкупно нема набавено толку нафта колку што бизнисменот успеал наводно да купи од неа во готово.По извршената детална контрола на пронајдените фискални сметки и сметкопотврди утврдено е дека сите 1254 фискални сметки и сметкопотврди се фалсификувани и воопшто не одговараат на извршениот промет на бензинската пумпа.Финансиската полиција откри дека една од вработените на бензинската пумпа во договор со сопственикот на „Емви-Комерц“ од Струмица, за определен паричен надоместок кој се движел од 200 до 250 евра на месечно ниво, во својот дом на својот приватен компјутер кој исто така е одземен од Финансиската полиција, изготвувала фалсификат фискални сметки. За да операцијата биде докрај успешна и уверлива, по налог на бизнисменот, вработената за секоја фалсификувана фискална сметка изработила и соодветна сметкопотврда која ја заверила со свој потпис и со печат од бензинската пумпа кој ѝ бил доверен при извршувањето на службената должност.Бизнисменот и неговата соработничка со своите криминални активности успеале да ја оштетат Република Македонија за 536.000 евра, заради што против нив до Основното јавно обвинителство во Струмица се поднесени кривични пријави за постоење на основано сомневање за сторени кривични дела „Даночно затајување“, „Фалсификување или уништување на деловни книги“ и „Фалсификување на исправа“. Двете уапсени лица се изведени пред Судија на претходна постапка во Основниот суд Струмица кој треба да одлучи дали пријавените ќе добијат мерка притвор или ќе се бранат од слобода./крај/мф/
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Црна хроника
Малолетник тешко повреден во сообраќајка на патот Прилеп–Македонски Брод
Ноќеска во 02:00 часот во ОВР Прилеп било пријавено дека на патот Прилеп–Македонски Брод се случила сообраќајна несреќа помеѓу две патнички возила.
Според информациите, несреќата се случила меѓу „ауди“ со прилепски регистарски ознаки, управувано од Ф.И. од село Дебреште, и „бмв“ со прилепски регистарски ознаки, управувано од Е.Ш. од истото село.
По несреќата, 17-годишен сопатник од возилото „ауди“ бил пренесен во Градска општа болница Прилеп, каде му биле констатирани тешки телесни повреди.
Увид на местото на настанот извршила увидна екипа од ОВР Македонски Брод.
Се работи на целосно расчистување на случајот.
Црна хроника
Пријавени тепачки во Шуто Оризари
Во СВР Скопје било пријавено дека на 24.02.2026 година на подрачјето на Шуто Оризари, по претходна расправија помеѓу двајца малолетници, повеќе лица физички нападнале еден од малолетниците.
Според пријавата, во инцидентот учествувале М.Х. (22), И.Х. (23) и Р.Х. (46).
Подоцна било пријавено и нарушување на јавниот ред и мир со физичка пресметка помеѓу И.З. (54) и Р.З. (36) од една страна, и М.Х. и И.Х. од друга страна, сите од Скопје.
Од полицијата информираат дека се преземаат мерки за целосно расчистување на случајот.
Црна хроника
Жена пријавила физички напад од вонбрачен партнер во Драчево
Дваесет и двегодишна жена пријавила во СВР Скопје дека била физички нападната од нејзиниот вонбрачен партнер.
Според пријавата, на 27.02.2026 година околу 12:00 часот, во дом на подрачјето на Драчево, таа била нападната од С.С. (22) од Скопје. Случајот бил пријавен во полиција во 16:30 часот истиот ден.
Од МВР информираат дека се преземаат мерки за целосно расчистување на случајот.

