Црна хроника
Убиецот на Мартин Нешковски на распит во Специјалното обвинителство

Поранешниот полицаец Игор Спасов, кој до смрт го претепа Мартин Нешковски за време на прославата на изборната победа на ВМРО-ДПМНЕ на плоштадот Македонија во 2011 година, во четврток доцна попладне беше изнесен од зградата на специјалното јавно обвинителство, јави телевизијата Алсат-М.
Според истиот извор, бројни полициски сили и возила барем еден час биле паркирани пред влезот во зградата каде е сместено Специјалното обвинителство.Од специјалното обвинителство не ги коментираат информациите на Алсат-М, повикувајќи се на тајноста на предистражната постапка. За присуството на полициските сили, само кусо кажаа дека на распит е лице кое е на казна одлежување затвор. /крај/алсатм/ст
Извор: Алсат-М
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Црна хроника
Жена од Илинден пријавила дека такси возач ја вознемирувал и ја допирал по телото

Вчера во Полициското одделение Петровец, 37-годишна жена од населено место во општина Илинден пријавила дека на 15 септември, 30 минути по полноќ, такси возач наместо да ја однесе до нејзиниот дом, почнал да ја допира по телото.
Откако му се спротивставила, возачот престанал и ја однел до нејзиниот дом.
Жената го пријавила инцидентот и во такси-компанијата каде што возачот бил вработен, по што тој бил отпуштен од работа.
Од МВР велат дека се преземаат мерки за целосно расчистување на случајот.
Црна хроника
Сведок почина во граѓанскиот суд во Скопје

Вчера во полицијата било пријавено дека во Основниот граѓански суд Скопје починал З.Д., кој бил сведок на судење.
Лекар од Итната медицинска помош констатирал смрт, а по наредба на јавен обвинител, телото на починатиот е дадено на обдукција, соопшти МВР во дневниот полициски билтен.
Црна хроника
Пациент во Тетово нападнал лекар и полицаец во болница

Полицијата од Тетово вчера попладне го приведе М.М. (28) од селото Челопек, по пријава дека во Клиничката болница во Тетово агресивно се однесувал кон медицинскиот персонал и физички го нападнал Л.А. (31) од село Желино, лекар кој се обидувал да му укаже лекарска помош.
Според МВР, по пристигнувањето на полицијата, осомничениот продолжил со агресивното однесување и нападнал и еден од полициските службеници.
М.М. е задржан во полициска станица, а по целосно документирање на случајот против него ќе биде поднесена соодветна пријава.