Црна хроника
Убиен еден од водачите на навивачите на Партизан
Александар Станковиќ (29), еден од водачите на навивачката група на фудбалскиот клуб Партизан е убиен во четвртокот вечерта во Белград.
Како што пренесоа белградските медиуми, Станковиќ викан „Сале Мутави“, бил убиен додека влегувал во својот автомобил „ауди“, на крстосницата на улиците Бачванска и Господара Вучиќа.
Во вооружениот инцидент бил ранет уште еден маж, за кого српските медиуми наведуваат дека бил чувар во Централниот затвор и дека му бил обезбедување на убиениот Станковиќ.
Станковиќ бил водач на навивачката група „Јањичари“, која по апсењето на неколкумина водачи на групата „Алкатраз“ го презела приматот на јужната трибина на стадионот на Партизан, каде се собираат најжестоките припадници на навивачката група „Гробари“.
Српските медиуми шпекулираат дека нерасчистени криминални сметки биле причина на вооружениот инцидент и дека за егзекуцијата е одговорна „црногорската мафија“.
На пошироката јавност во Србија и стана познат пред неколку месеци кога со двајца свои пријатели го нападнаа директорот на Партизан, Милош Вазура и претепаа еден член на неговото обезбедување. крај/мф/нц
Извор: b92
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Црна хроника
МВР со опомена до 150 граѓани кои зборувале на телефон додека минувале на пешачки
Во периодот од 26.09.2025 до 07.11.годинава полициските службеници од СВР Скопје издале вкупно 150 опомени за граѓаните. Согласно проценките, динамиката и степенот на информираност и запознавање на граѓаните за измените во законската регулатива, во наредниот период се очекува отпочнување со изрекување на соодветни санкции, по целосното информирање на граѓаните за новите законски одредби.
Новите измени во Законот за безбедност во сообраќајот – пешачењето со телефон во рака или преминувањето пешачки со тротинет е прекршок кој се плаќа. Ако преминувате пешачки со мобилен телефон на уво или во рака – казната е 40 евра.
Ако возите тротинет, мотор или трактор со користење електронски уред – казната е 50 евра.
Црна хроника
Пожар зафати товарно возило во двор на фирма во Крушопек
Во првите часови по полноќ, на 8 ноември, во СВР Скопје било пријавено дека во двор на фирма во селото Крушопек избувнал пожар во товарно возило ман со скопски регистарски таблички, сопственост на фирмата.
Пожарот бил навреме изгаснат од екипи на Бригадата за противпожарна заштита. Нема повредени лица, а увид на местото на настанот ќе биде извршен во текот на денешниот ден.
Црна хроника
Жена падна во автобус и тешко се повреди
Педесет и седумгодишна скопјанка се здобила со тешки телесни повреди откако вчера паднала во автобус кој сообраќал по булеварот Кузман Јосифовски Питу во Скопје. Според пријавеното во СВР Скопје, жената била патник во автобус управуван од 59-годишен возач од Волково.
По падот, таа била пренесена во Градската општа болница Св. Наум Охридски, каде што и биле констатирани тешките повреди. На местото на настанот извршен е увид од увидна екипа на СВР Скопје.

