Црна хроника
Убиениот Елмази бил познат по името Артур Тафани
Роднините на убиениот албански државјанин Милјан Елези –Манди, кој беше најден мртов во близина на албанската граница по разбојништвото во Дебар, во локалната полиција во Елбасан го пријавиле како исчезнат, два дена по разбојништвото во Дебар.
Весникот Шекули кој е еден од најтиражните албански весници во своето денешно издание пишува дека Елези бил познат и со името Артур Тафани, подолг период живеел и во Грција, а бил посвоен како дете.
Според истиот извор, сега албанските власти, но и грчките работаат покрај македонските власти на откривањето на другите членовите на разбојничката банда. Весникот наведува дека Елези бил дел од бандата која со маски изврши разбојништво во Дебар кога беа ограбени две златарници на семејството Еребара, а во акцијата имаше и тешко ранети од огнено оружје.
Весникот Шекули наведува дека албанската полиција врши и соодветни анализи и за големиот грабеж кој бил извршен од страна на дедомразовци за нова година во големиот трговски објект ТЕГ кај Тирана, но и некои други организирани вооружени грабежи на бандата која носела униформи на албанската полиција или пак за време на кражбите во
Атина , кога биле носени други чудни униформи.
И за време на разбојништвото во Дебар оваа банда носела црни униформи на кои пишувало POLICIA .
Весникот додава дека и покрај тоа што пред да се објавни веста дека имало пријава на исчезнато лице од страна на семејството, сега по објавата на фотографијата на Елези, никој не е пријавен за да го земе телото на мртвиот кој според весникот стои во болницата во Дебар. /крај/мн/
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Црна хроника
Гостиварец пронашол експлозивни направи под карпа покрај река
Во ОВР Гостивар вчера во 16:20 часот В.В. од Гостивар пријави дека на потегот помеѓу с. Трново и с. Железна Река, под карпа покрај реката, пронашол четири експлозивни направи.
Стручна екипа од МВР ги подигнала четирите гранати од кинеско производство за понатамошно вештачење и расчистување на случајот.
Црна хроника
Со автобус удрил во кабина на Граничниот премин Долно Блаце
Синоќа во 23:55 часот во СВР Скопје е пријавено дека на Граничниот премин Долно Блаце, на излез од државата, И.Ф.(40) од Р.Косово, управувајќи автобус со косовски национални ознаки, удрил во кабина.
Извршен е увид од увидна екипа од СВР Скопје, при што на И.Ф. не му е дозволен излез од државата, односно му биле одземени документите за понатамошна постапка, информира МВР.
Црна хроника
14-годишник управувајќи четирицикл излетал од патот во Кичевско
Вчера во 16:30 часот во ОВР Кичево е пријавено дека на локалниот пат с.Зајас- Теќе маало, 14-годишник од с.Горно Строгомиште, кичевско, управувајќи четирицикл со кичевски регистарски ознаки, излетал надвор од коловозот.
Во несреќата со повреди се здобил возачот и неговиот 14-годишен сопатник од с.Зајас, кичевско, констатирани во Медицинскиот центар Кичево и Комплексот клиники „Мајка Тереза“ во Скопје.
Извршен е увид од увидна екипа од ОВР Кичево, а по наредба на јавен обвинител, четирициклот е одземен, соопшти полицијата.

