Црна хроника
Украден пиштол од библиотека во Скопје
Во петокот попладне, во полиција било пријавено дека од сефот во библиотеката го снемало пиштолот, но не знаат кога, соопшти полицијата.
Во петокот попладне, во полиција било пријавено дека од сефот во библиотеката го снемало пиштолот, но не знаат кога, соопшти полицијата.
Имено, било пријавено дека во точно неутврден временски период од три години, непознат сторител извршил тешка кражба во Национална и универзитетска библиотека „Св. Климент Охридски“, при што од сефот на библиотеката кој бил оставен отклучен одзел еден пиштол „Црвена Застава“.
Сторителот се стекнал со противправна имотна корист од околу 30.000 денари. Се преземаат мерки за пронаоѓање на сторителот./крај/мф
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Црна хроника
Украдена бистата на народниот херој Вера Јоциќ од парк во скопски Центар
Вчера претпладне било пријавено дека била украдена бистата на народниот херој Вера Јоциќ од паркот во скопски Центар.
Како што се наведува во полицискиот билтен, вчера (26.12.2025) во 11:00 часот во СВР Скопје е пријавено дека од парк на подрачјето на Центар во Скопје е одземена спомен бистата на народниот херој Вера Јоциќ.
Се преземаат мерки за расчистување на случајот.
Црна хроника
Тешко повреден возач во сообраќајна несреќа кај Струга
Вчера околу 15:10 часот, во ОВР Струга е пријавено дека на магистралниот пат А-2 патничко возило „фолксваген голф“ со струшки регистарски ознаки, управувано од 31-годишниот В.М. од село Франгово, струшко, излетало од патот.
Возачот се здобил со тешки телесни повреди, кои му биле констатирани во Медицински центар Струга. На местото на несреќата увид извршила екипа од ОВР Струга.
Црна хроника
Експлодирал бојлер во Свети Николе, тешко повреден е маж
Електричен бојлер експлодирал вчера изутрина, околу 6:45 часот, во стан во Свети Николе и сериозно го повреддил 49-годишниот С.П., кој живеел во станот со семејството, информира МВР во дневниот билтен.
Поради повредите со возило на Итната медицинска помош С.Н. бил префрлен во болница кадер му е укажана лекарска помош.
Случајот бил пријавен во СВР Свети Николе, и извршен бил увид од увидна екипа за да се утврди причината за несреќата.

