Црна хроника
Украдени четири кандила од црква во Октиси
Непознат разбојник украл четири кандила поставени кај црковниот олтар над иконите во црквата „Св.Димитрија“ во струшкото село Октиси.
Кражбата е извршена во периодот од декември минатата до март оваа година, по претходно насилно кршење на цилиндарот од главната влезна врата на црквата од северната страна. Крадецот употребил тврд предмет со кој насилно ја оштетил металната заштитна решетка од влезната црковна врата.Откако влегол во внатрешноста на црквата, тој извршил пребарување низ црковните простории по што противправно ги одзел четирите кандила.На лице место извршен е увид, а полициската станица од Струга работи на расветлување на случајот и пронаоѓање на сторителот на овој вандалски чин. /крај/м
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Црна хроника
Стржанец објавувал експлицитна содржина од малолетничка
Полицијата во Тетово поднесе кривична пријава против А.А.(41) од Струга, поради постоење основи на сомнение за сторени кривични дела „злоупотреба на лични податоци“ и „производство и дистрибуција на детска порнографија“.
Пријавениот, на социјална мрежа, објавил фотографии и видео снимки со експлицитна содржина од женско лице, кое во тоа време било малолетно.
Црна хроника
Жена од Гевгелија измамила Грк дека е од Царина и му зела 2.000 евра
Полицијата поднесе кривична пријава против М.Ј.(46) од Гевгелија, поради измама.
„Пријавената, на 13 септември на царинскиот терминал на Граничниот премин „Богородица“, го довела во заблуда грчкиот државјанин К.Г.К., на начин што лажно се претставила дека е застапник во царински постапки и лажно му прикажала факти дека сторил тежок царински прекршок, поради што ќе биде задржан на македонско-грчката граница од страна на царинските власти и му побарала 2.000 евра, за да му помогне, на што се согласил“, објави МВР во дневниот билтен.
Црна хроника
Демолиран изборен штаб во Конче
Г.Г.(45) од село Дедино, општина Конче, пријавил во полицијата дека ноќта помеѓу 24 и 25.04.2024 во времето од 22.00 до 06.00 часот било скршено стакло на објект во село Дедино, кој се користел како штаб на кандидат за претседател на државата.
Увид на местото извршила екипа на ОВР Радовиш и се преземаат мерки за расчистување на случајот.