Црна хроника
Украдени над 2,5 милиони денари од банкомат во Велес

Непознат сторител украл над 2,5 милиони денари од банкмат на „Комерцијална банка“ во Велес.
Кражбата се случила ноќта меѓу средата и четвртокот, а случајот во полиција бил пријавен во четвртокот утрото околу 4.30 часот. Крадецот со употреба на сила и подесен алат насилно ја отворил влезната врата од трговскиот објект лоциран на улица „Благој Ѓорев“ бр. 96 во Велес. Влегол внатре и со употреба на сила и алат делувал на вратата од сефот од банкоматот сопственост на Комерцијална банка и украл три касети во кои според пријавата од Комерцијална банка имало 2.535.500 денари.Извршен е увид на лице место и се преземаат мерки за расветлување на случајот.До банкоматот на Комерцијална банка има банкомат на друга „Комерцијална банка“, но тој не бил мета на сторителите на кражбата. Инаку ова е прв случај на грабеж на банкарски терминал./крај/мф/
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Црна хроника
Нападнат ученик од основно училиште во Свети Николе

Полицијата поднесе известување против малолетник од Свети Николе поради постоење насилство врз дете.
Како што соопшти МВР, на 4 јуни во основно училиште во светиниколско село, пријавениот физички нападнал ученик од истото училиште и му нанел телесни повреди.
Црна хроника
Женa во Кисела Вода чистела стара куќа и нашла лименки со натпис „топовски удар“, имало и фитили

Во Скопје, на подрачјето на Кисела Вода, 65-годишна жена при чистење на напуштена куќа што припаѓа на нејзините родители пронашла две лименки завиткани со селотејп. На лименките имало натпис „топовски удар“ и биле поставени фитили.
Жената случајот го пријавила во полицијата на 15 октомври. По пријавата, на местото излегле полициски службеници кои ги подигнале предметите за понатамошна постапка.
Според МВР, се преземаат мерки за расчистување на случајот.
Црна хроника
Пензионер од Струмица пукал со воздушна пушка кон бензинска пумпа

Полицијата од Струмица поднесе кривична пријава против П.Ж.(71) од овој град поради предизвикување општа опасност.
„На 12.10.2025 околу 16:00 часот, пријавениот со воздушна пушка пукал во правец на бензинска пумпа, каде што биле складирани боци со плин“, соопшти МВР во дневниот полициски билтен.